Koja балканска земја е претставена како евтина верзија на Малдиви?
Објавено во: Балкан 19 Април, 2023 20:48
Албанија ја прогласија за евтина верзија на Малдивите.
Експертите на платформата за резервации за патувања Loveholidays ги открија врвните дестинации за туристите кои сакаат да заштедат пари. Тимот препорачува евтин одмор во Албанија, за кој велат дека има „крајбрежје што го одзема здивот“ и е „алтернатива на Малдивите“, пишува Експрес. Велат дека Албанија често се занемарува како дестинација во Југоисточна Европа.
„Албанија има многу езера и водопади во кои доминираат различни нијанси на сино, а некои дури ја нарекуваат и прифатлива алтернатива на Малдивите“, велат тие.
Ксамил се издвојува како дестинација со најубавите плажи во Албанија, а до него лесно се стигнува од блиското одморалиште Саранда. Туристите во своите коментари за оваа дестинација истакнуваат дека „плажата е полна со живот и музика, а водата е неверојатно чиста“.
Албанија лани имала 7.5 милиони туристи. Бројот на туристи е поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година, која беше рекордна година.Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




