Која банка има добивка од 23 милиони евра до крај на септември?
Објавено во: Економија 30 Октомври, 2020
Во корона услови една од трите најголеми банки држи темпо како и лани. Нето приходите од камати на „Стопанска банка Скопје“ се намалени само за 2 отсто, резервациите се зголемени за 22 отсто, кредитирањето порасна за речиси 100 милиони евра. Добивката за првите девет месеци е 23,1 милиони евра и тоа е за 18 отсто послабо од лани
„Стопанска банка Скопје“ има финансиски резултати кои ќе ги охрабрат акционерите и потенцијалните инвеститори во овие специфични корона услови. За првите девет месеци кредитирањето на банката порасна за 98 милиони евра во споредба со крајот на декември лани. Нето приходите од камати се одржуваат на високо ниво и се намалени за помалку од 900.000 евра и изнесуваат 44,1 милиони евра.
Втората приходната ставка остануваат провизиите и надоместоците. Од нив банката инкасирала нето износ од 8,9 милиони евра и тоа е за 1 милион евра послабо од истиот период лани. Иако мала по износ приходна ставка банката има пад и на останатите приходи од дејноста. Тие изнесуваат 3,5 милиони евра и се за 1,6 милиони евра пониски од истиот период минатата година. Генерално банката во овие услови бележи одмерено послаби резултати кои воопшто не се лоши ако се има во предвид глобално, регионално и национално состојбата во реалниот сектор.
Резервациите очекувано се најголема расходна ставка на страната на трошоците на банката. Тие изнесуваат 11,8 милиони евра за девет месеци и се за 2,1 милиони евра повисоки во споредба со истиот период лани. За да се долови контекстот мора да се истакне дека во овие девет месеци банката го зголемила кредитирањето за 98 милиони евра до износ од 1,18 милијарди евра.
Паралелно со тоа растат и вложувањата во државни хартии од вредност. Тие на крај на септември изнесуваат 186 милиони евра и се за 32 отсто повисоки во споредба со состојбата на крајот на 2019 година. Овие податоци доволно говорат за состојбата, потенцијалот, финансиската кондиција и капацитетот на оваа голема деловна банка.
Депозитите на клиентите на „Стопанска банка Скопје“ на крај на септември изнесуваат 1,3 милијарди евра и се за 30 милиони евра повисоки од крајот на претходната година.
Добивката на оваа банка за првите девет месеци годинава изнесува 23,1 милиони евра и во однос на лани бележи пад од 5 милиони евра.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.