26 Ноември, 2024
0.0257

Која банка планира голема петгодишна офанзива на македонскиот пазар?

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Раст на кредитирање за 40 отсто во период од пет години, раст на добивката секоја година, а во 2025 до 10 милиони евра. Раст на нето приходи од камати за 38 отсто за пет години, раст на депозити, раст на приходи од провизии. Се ова е дел од амбициозниот план на „Охридска банка“ дел од групацијата на „Шпаркассе банк“ на македонскиот пазар  

„Охридска банка“ која е дел од групацијата на „Шпаркассе банк“ во Македонија има одлични и големи планови за својата среднорочна иднина, кои се достапни за потенцијалните инвеститори на информативниот сервис СЕИ НЕТ на „Македонската берза“. Плановите и очекувањата се големи и се реални ако се знае дека станува збор за голема регионална банкарска групација која годинава што иде на нашиот пазар ќе обедини две деловни банки.

Оваа банка, која е една од петте најголеми домашни банки, планира во наредните четири години да ја зголемува добивката (пред оданочување) во континуитет, а таа во 2025 година треба да достигне 10,9 милиони евра што би било повеќе од дупло во однос на планираната за 2021 година  за кога би требало да достигне 4,6 милиони евра.

Главните изворни приходи на банката во овој период ќе останат „нето приходите од камати“. Тие за годинава се очекува да бидат 16,4 милиони евра, а за пет години од сега (2025 година) се проектирани да пораснат до 22,6 милиони евра. Нето приходите од провизии остануваат како втора најголема приходна ставка и тие до 2025 година се очекува да стигнат до 7,3 милиони евра од сегашните (за 2020 г.) кои се реализираат на ниво од 3,9 милиони евра.

Банката планира значајно да ги зголеми трошоците за плати на своите вработени. Имено буџетот за плати годинава е 5,4 милиони евра, за до 2025 година постојано да расте и тогаш да достигне 6,6 милиони евра. Општите и административните трошоци на банката за до 2025 година треба да пораснат за 3 милиони евра до 14,7 милиони евра во 2025 година.

Очекувано на резервациите ќе влијаат амбициозните деловни зафати на банката во идните пет години. Од сегашното ниво 34,2 милиони евра до 56,8 милиони евра на крајот на 2025 година.

На страната на билансот на состојба плановите за најважните активности се насочени кон универзалните банкарски услуги: кредитирањето и прибирањето депозити. Кредитирањето за пет години треба да достигне 759,3 милиони евра што е за 216 милиони евра повеќе од годинава.

Кај депозитите на крај на годинава вкупното конто ќе биде 472,3 милиони евра, а за пет години линеарно треба да расте и да достигне 681,9 милиони евра.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија