16 Јануари, 2025
0.0295

Која е Балкан Енерџи Груп, фирмата што го презеде бизнисот на Топлификација?

Објавено во: Економија 01 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Бизнисот со топлинска енергија од денеска наместо Топлификација, го води "Балкан енерџи груп". Оваа компанија е оформена на Кипар од руските газди на Те-То, гасната централа во Скопје. Во Македонија фирмата фирмата е регистрирана како Балкан енерџи груп-Скопје и претставува Друштво за инвестиции, производство, трговија и советодавни услуги. Според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност акционери се две странски правни лица кои поседуваат 250 акции по цена од 200 евра, а номиналната вредност на капиталот на компанијата е 50.000 евра. Седиштето на фирмата е во општина Кисела Вода. Со месеци низ бизнис круговите се шпекулираше дека Балкан Енерџи ќе го преземе бизнисот на Топлификација, и тоа навистина се случи. Топлификација предупредуваше дека нема финансиска моќ да го оперира системот, затоа што сметаше дека цените што ги одобрува регулаторната комисија не се доволни за да го покријат тековното работење. Затоа Топлификација сакаше да ја има само дистрибуцијата, а не и производството. „Во последните шест години компанијата реализираше најсовремен систем за управување со топлинските станици во регионот. Имајќи го в предвид и фактот дека дистрибуцијата на топлинска енергија е најсуптилна дејност во топлификационите системи, УО на Топлификација одлучи друштвото за дистрибуција на топлинска енергија да конкурира само за добивање на лиценца за оваа енергетска дејност“, стоеше во информацијата која неодамна Топлификација ја објави на Македонска берза, како ценовно чуствителна информација. Сепак, Балкан Енерџи комплетно го презема бизнисот. Исто така новиот носител на лиценца на Топлификација  ќе и плаќа закупнина во висина на одобрениот принос на капитал за оваа дејност кој во согласност со постојните акти на Регулаторната Комисија за Енергетика изнесува околу 1 милион евра на годишно ниво. Согласно договорот за преземање на вработените, новиот носител на лиценца се обврза да ги преземе сите вработени од фирмите кои досега беа носители на лиценците за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

Можеби ќе ве интересира

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ КАЈ ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОКОТ НА ДОБИВКА - ова се деталите од Управата за јавни приходи

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција