18 Декември, 2025
0.0408

Која е цената на турскиот економски бум?

Објавено во: Балкан 24 Мај, 2014 09:34

Добивај вести на Viber

Годината е 2010 година. Во Европа беснее еврокризата. Грција речиси е удавена во својата должничка криза и треба да и се случи спасување со заеднички напори. Сочувство кон Атина доаѓа токму од Турција, долгогодишниот непријател: "Ние гледаме со жалење  на маките на Грција, бидејќи Грците се наши соседи и пријатели", рече премиерот Реџеп Тајип Ердоган на адреса на Атина. Најсилниот човек во Анкара сепак успева при тоа да ги потенцира постигнувањата на својата конзервативна исламска влада - брз економски раст и намалување на јавниот долг. Во овој контекст Ердоган не успева да одолее и на спомнувањето на Европската унија - "Турција ги исполнува условите за пристапување кон ЕУ подобро отколку некои земји, кои денес се членки на Унијата", потсетува економскиот германски телевизиски канал N-TV на неговите зборови во својaта анализа. Додека европските водачи разговараат за можните спасувачки планови и расправаат во текот на цели ноќи за вистинските насоки, турскиот лидер ликува. Неговиот главен советник Игит Булут во интервју за Financial Times во октомври 2013 година, појасни што мисли за Европејците Ердоган: "Турција од ден на ден гледа посветла иднина, а европските земји, кои секогаш ја нарекувале Турција "болниот човек на Босфорот ", сега се побрзо се движат кон својот крај". Турција на Ердоган, од една страна, и оштетената Европа, од другата - оваа слика, претставена од страна на турскиот премиер, веќе е нарушена. Турција, која несомнено го регистрира брзиот економски подем за време на владеењето на Ердоган, се соочува со се повеќе проблеми отколку што во Анкара смеат да признаат. Економијата продолжува да расте, но не со толку силно темпо. Ердоган треба да сфати дека тој всушност е во можност да влијае на процесите во својата земја, но е немоќен против глобализацијата. Милијарди долари ќе бидат повлечени од земјата. Неолибералната политика на Ердоган за раст без оглед на загубите ги достигнува своите граници. Сега излегува дека настаните околу паркот "Гези" во Истанбул минатата година беа едвај на почетокот на незадоволство меѓу Турците од нивниот премиер. Бројните случаи на корупција и особено реакцијата на Ердоган на тешкиот инцидент во рудникот во Сома со стотици мртви, ја дополнуваат листата на гревовите на владата на Партијата на правдата и развојот. Економскиот бум и зголемениот просперитет за дел од населението предизвикуаат вистински глад за енергија. Турската потрошувачка на енергија речиси е дуплирана во последните десет години. Иако земјата  има различни минерални ресурси, енергетските извори се реткост. Има изобилство од лигнит, чие искористување се форсира при какви и да е услови. При тоа се претпоставува дека може да се дојде и до слични фатални инциденти. Сепак до 2023 година уделот на нафтата и гасот за задоволување на струјата треба да биде намален од сегашните 50 до 30 проценти . Односно поважна станува улогата на лигнитот. Тој се добива во големи количини во Сома и Елбистан во провинцијата Кахраманмараш. Огромни наоѓалишта исто постојат и во Карапинар во провинцијата Коња - според експертите таму лежат 1,80 милијарди тони јаглен. Паралелно со ова се очекува да се зголеми и капацитетот на електроцентралите на лигнит, што значи и изградба на нови објекти. Но јасно е дека лигнитот нема да го реши турскиот енергетски проблем на долг рок. Од една страна, енергетската содржина на лигнит е значително пониска отколку во камениот јаглен, од друга страна оваа енергетска политика води до големо загадување на животната средина. Кон тоа треба да се додаде и големиот притисок на трошоците поради приватизацијата на рудниците. Сома е јасен пример за тоа. Операторите кои се стремат логично кон максимална добивка, не ги почитуваат строго правилата за безбедност. Всушност Турција се наоѓа во енергетски политички ќор-сокак. Владата на Ердоган бара излез од целата ситуација. Во прилог на лигнитот тоа става акцент на нуклеарната енергија. За разлика од Германија, која постепено се збогуваше со овој вид на енергија, Турција го проширува секторот. Три нови нуклеарни централи ќе бидат изградени од странски компании во наредните десет години. Без сомнение, Ердоган успеа да ја придвижи напред земјата за време на своето управување. Но истовремено е факт, дека Турција плаќа висока цена за својот економски бум, заклучува N-TV. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии