26 Ноември, 2024
0.0316

Која е третата банка што направи профит поголем од 50 милиони евра?

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Клучни новости се следниве: Стопанска банка Скопје лани прокнижи 104 милиони евра раст на кредитирањето. Воедно оствари најголем износ на нето приходите од камати, а е единствена во конкуренција на најголемите банки што бележи пад на нето приходите од провизии и надоместоци. Добивката е рекордна во 80 годишното постоење на банката и изнесува 56 милиони евра

„Стопанска банка Скопје“ ја заврши 2023 година со рекордна добивка која изнесува 56,4 милиони евра, потврдија објавените неревидирани финансиски извештаи за нејзиното работење лани. И оваа голема банка, која е препознатлива по тоа што има најголемо пазарно учество на сегментот работа со население имаше неверојатно успешна година пред се благодарејќи на глобалните случувања со каматните стапки и нивниот позитивен ефект врз нејзиното портфолио.

Добивката лани освен што е највисока во корпоративната историја на банката, која годинава одбележува 80 години постоење, во споредба со профитот за 2022 година е повисока за 17,8 милиони евра.

Само да напоменеме дека 2023 година по сите критериуми е година на апсолутна доминација на банкарскиот бизнис во економијата на Македонија. Тоа го потврдува и фактот што трите најголеми домашни деловни банки имаат профити кои се повисоки од 50 милиони евра. Меѓу нив годинава решаваа нијанси. Најголема добивка за лани има „Комерцијална банка“ и таа надмина 58 милиони евра, следува „Стопанска банка“ со повеќе од 56 милиони евра и НЛБ Бака со добивка поголема од 53 милиони евра.

„Стопанска банкаСкопје“ во оваа лута конкуренција на најдобрите е прва според нето приходите од камати. Тие за 2023 година достигнаа 93,24 милиони евра. Во однос на претходната споредбена година се повисоки за 25 милиони евра.

За сметка на тоа кај оваа голема банка има пад на нето приходите од провизии и надоместоци. И токму ова ја прави единствена во оваа конкуренција. Нето приходите од провизии и надоместоци лани изнесуваат 13,2 милиони евра.

Од нето приходи од курсни разлики и од останати приходи од дејноста банката инкасирала над 12 милиони евра. Со тоа нејзините оперативни приходи достигнале 118 милиони евра.

„Стопанска банка Скопје“, како и конкурентите, лани покажала особена грижа за своите вработени. Како? Ги наградила со 17,3 милиони евра што е за 1,72 милиони евра повеќе од 2022 година.

Резервациите на банката лани се на ниво од 23,37 милиони евра што е за 11,5 отсто повеќе од претходната година.

Но тоа и не е вест кога ќе се види нивото на кредитни пласмани. Главна вест е  тоа што Стопанска банка Скопје го зголемила кредитирањето за 104,3 милиони евра и нивното кредитно портфолио достигна 1,5 милијарди евра!

Вредноста на вложувањата во хартии од вредност е 185,5 милиони евра. Во споредба со големите конкуренти оваа банка има најмали вложувања во обврзници.

Значаен раст има кај депозитната база. Нејзината вредност на крајот на 2023 година е 1,63 милијарди евра. А тоа е за 100 милиони евра повеќе од вредноста на депозитите на крајот на 2022 година.

Р.Ф.

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија