05 Мај, 2024
0.0244

Која е званично најубавата банкнота на светот?

Објавено во: Стил 26 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Банкнотата од Нов Зеланд од 5 долари е избрана за најубава банкнота во 2015 година.

Изборот го направи меѓународната организација International Bank Note Society, а во игра беа 19 банкноти од целиот свет. Во потесниот круг беа 20 шведски круни, 100 руски рубљи, казахстанската тенга од 20.000, шкотски 5 фунти.

На победничката банкнота доминира портокаловата боја, на едната страна има пингвин, а на другата е планинарот Едмунд Хилари, еден од првите кои се искачиле на Монт Еверест.

Гувернерот на Нов Зеланд изјави дека се горди што нивната банкнота доби вакво признание. Оваа банкнота го отсликува наследството, културата и историјата на Нов Зеланд. Воедно таа ги има некои од најнапредните безбедносни функции во светот.