Која голема банка направи 8 милиони евра добивка за три месеци?
Објавено во: Економија 27 Април, 2021 12:27
НЛБ Банка има одличен резултат! Добивката надмина 8 милиони евра, а тоа ќе ги израдува акционерите, а ќе ги охрабри и инвеститорите на нашата берза
НЛБ Банка за првите три месеци годинава има извонреден финансиски резултат што е подобар и првиот квартал лани, покажуваат официјалните податоци што ги објави банката деновиве. Според нив добивката за периодот јануари – амрт изнесува 8,12 милиони евра, а добивката по акција за овој период изнесува 9,5 евра. Во споредба со истиот период лани добивката на банката е зголемена за 19,5 отсто.
Нето приходите од камати бележат мал пад во споредба со истиот период лани. Тие за 90 дена изнесуваат 11,68 милиони евра што е за 230.000 евра помалку од истиот период во 2020 година. Овој пад е компенизран со раст на нето приходите од втората по големина приходна ставка – нето провизиите од надоместоци и провизии. Тие на крај на март изнесуваат 4,54 милиони евра и се повисоки за 246.000 евра од истиот период лани. Останатите приходи од дејноста изнесуваат 2,4 милиони евра и во споредба со лани се поголеми за речиси половина милион евра.
Клучниот катализатор за зголемената добивка на НЛБ Банка е во намалените трошоци за резервации на кредитни пласмани. Тие се за 860.000 евра пониски во споредба со истиот период лани и за првите 90 дена годинава изнесуваат 2,2 милиони евра.
Мал раст на трошоци во првиот квартал годинава банката има и кај потрошеното за вработените како и во групната ставка на останати расходи од дејноста.
Од билансот на состојба е евидентно следново: вложувањата во кредитни пласмани се за нијанса зголемени во споредба со состојбата на 31 декември 2020 година. Вкупното кредитно портфолио изнесува 944 милиони евра. Минимално зголемување има и кај пласманите во државни хартии од вредност и тука нивото е 272 милиони евра. Вредноста на превземените средства врз основа на ненаплатени побарувања изнесува 2,24 милиони евра што е за нијанса помалку од истиот период лани.
Позначаен раст за период од три месеци бележат депозитите на коминтентите (сите освен банките). Тие достигнале 1,32 милијарди евра. Задржаната добивка на банката до крај на март вреди 84,36 милиони евра.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




