26 Ноември, 2024
0.0262

Која градежна фирма во „короната“ го зголеми приходот за 50 отсто?

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Приходите од продажба на „Бетон“ на домашниот пазар за првите девет месеци годинава достигнаа 19,45 милиони евра и се за 51 отсто повисоки од истиот период лани. Оперативната добивка е 516.000 евра, но заради финансиските расходи (кои се пониски за 13 отсто од лани) изнесуваат 466.000 евра добивката е 143.000 евра

Втората најголема домашна градежна компанија во земјава, скопски „Бетон“ годинава бележи одлични резулати особено во делот на остварените приходи од продажба и со тоа успешно се справува со „корона“ состојбата во нашата национална економија.
Билансот на успех на „Бетон“ покажува дека компанијата успеала да ги зголеми приходите од продажба за 51 отсто во споредба со истиот период лани. Имено, за првите девет месеци годинава „Бетон“ има приход од продажба во износ од 19,45 милиони евра и целиот е инкасиран на домашниот пазар. Во овој период дополнително и заради состојбата со „корона“ вирусот компанијата нема приходи од странски пазари.

Во овој период последователно растат и оперативните расходи на „Бетон“ и тоа за 49 отсто во споредба со истиот период лани. На 30 септември годинава тие изнесуваат 19 милиони евра. Најголемо учество имаат расходи за услуги со карактер на материјални трошоци и тие изнесуваат 3,4 милиони евра. Трошоците за вработените се на ниво од 4,2 милиони евра и се за нијанса пониски од лани, а трошоците за набавка на суровини и материјали се зголемени за 45 отсто и изнесуваат 3,4 милиони евра.

Оперативната добивка на компанијата годинава е за 21 пати поголема од истиот период лани и изнесува 516.000 евра. И понатаму голем товар за оваа голема градежна компанија се финансиските расходи. Иако бележат намалување за 13 отсто во споредба со лани тие и годинава се значајно повисоки од финансиските приходи. Расходите за камати и курсни разлики за првите девет месеци изнесуваат 466.000 евра и директно влијаат врз добивката на компанијата која изнесува 143.000 евра и е за 20 отсто пониска од лани.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво