Која компанија ќе ги награди менаџерите и раководителите со 500.000 евра?
Објавено во: Економија 15 Април, 2020
Страшо Милковски, претседателот и сите членови на Управниот одбор на „Гранит“ предложија на акционерите да одобрат половина милион евра за награди на менаџерскиот тим и на раководниот кадар во најголемата македонска градежна компанија. „Гранит“ направи потег вреден за внимание затоа што е единствена компанија ( од оние чии акции котираат на берзата н.з.), а дала предлог за наградување на менаџери и раководители.
Акционерите на „Гранит“ на 11 мај ќе одлучуваат за предлогот што го добија од Управниот одбор со кој се предлага награда на менаџерскиот тим и на раководниот кадар во износ од 30 милиони евра (безмалку половина милион евра) во бруто износ. Со оглед на тоа дека одлуката е потпишана и поддржана и од Зоран Милковски (син на Страшо Милковски) член на Управниот одбор и еден од двајцата најголеми поединечни акционери (поседува 8,23 отсто од акциите н.з) во „Гранит“ значајна е веројатноста дека одлуката ќе биде усвоена. Секако тоа ќе се реализира доколку добие поддршка од својата сестра Ивана Милковска – Смилева (поседува 8,4 отсто од акциите н.з.) и од Отворениот задолжителен пензиски фонд „Сава пензиски фонд“ кој контролира 7,67 отсто од акциите. Затоа што веќе има поддршка од својот татко Страшо кој е потпишан на предлогот во својство на претседател на Управниот одбор на компанијата (поседува помалку од 5 отсто од акциите н.з.).
Иако во официјалната информација нема податок за колку лица станува збор, ниту кој орган на друштвото ќе одлучува за наградувањето поединечно, може да се претпостави дека нивниот број во најмала рака ќе биде поголем од 30 лица. До таков заклучок се доаѓа кога се знае дека само во Управниот одбор има 5 члена, а во организациската структура на „Гранит“ има шест сектори од кои во најголемиот „Сектор за оператива“ има седум оперативни организациски единици и уште четири услужни организациски единици кои во своите вертикали интегрираат шеесетина организациски единици.
Според предолог што Управниот одбор го доставува до акционерите се предлага 16 отсто од добивката за 2019 година која изнесува 3,11 милиони евра да се додели како награда, а останатите 2,62 милиони евра да се реинвестираат.
Уште колку компании ќе ги наградат менаџерите?
Од јавно достапните берзански податоци се гледа дека досега, од предлозите за претстојните акционерски собранија, уште две компании досега објавија дека ќе ги наградат своите врвни менаџери.
Скопската кондиторска индустрија „Европа“ објави дека акционерите ќе одлучат дали на седумчлениот одбор на директори ќе му одобри награда за работењето во 2019 година во износ од 147.000 евра. Наградата што е предложена е 12,4 отсто од добивката на „Европа“ лани која изнесува 1,19 милиони евра. Во Одборот на директори на „Европа“ членуваат: Марика Караџова, извршен директор на компанијата, Марија Каранфиловиќ – претстедател на Одборот на директори, Зоран Здравев, Наташа Милева (поседува 18 отсто од акциите во скопски „Уготур“) Драган Наков (поседува 12 отсто од „Фершпед“) и двајца акционери во „Европа“ од кои едниот е странскиот државјанин Есамедин Хасани (поседува 8,2 отсто од акциите на „Европа“) и Селајдин Арифи (поседува 18 отсто од „Европа“ преку неговата фирма „АС Сењак“ н.з.).
Тетовски Тетекс неодамна објави дека на неговиот генерален директор Глигорие Гоговски (воедно и најголем поединечен акционер во „Тетекс“ н.з.) предлага на акционерите да усвојат одлука со која му се доделува награда од 26.250 евра што претставува 4,7 отсто од добивката на оваа компанија лани.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.