19 Декември, 2025
0.0355

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

Објавено во: Економија 20 Септември, 2024 08:25

Добивај вести на Viber

ЕСМ е државен производител на струја и една од компаниите со најголем број вработени лица во Македонија. За плати на речиси 4.500 вработени оваа компанија лани исплатила 56,56 милиони евра, а од продажба на струја заработила 288 милиони евра

Државната компанија за производство на електрична енергија ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ н.з.) лани за плати исплати вкупно 56,56 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од нивниот годишен финансиски извештај изработен од независна ревизија.

ЕСМ лани вработувал безмалку 4.500 лица од кои најголем дел од пелагонискиот регион поточно општините Битола и Новаци каде што се наоѓа најголемиот производствен капацитет на компанијата – термоцентралата РЕК Битола и нејзините рудници Суводол и Брод-Гнеотино. Освен РЕК Битола оваа компанија има уште две термоцентрали. Едната е во кичевски Осломеј, а другата е во близнина на Неготино. Во својот состав ЕСМ има и шест хидроцентрали, еден ветерен парк, една гасна централа и дирекција во центарот на Скопје.

Воедно во рамки на групацијата ЕСМ работат и фабрика за резервни делови за потребите на термоцентралите во Новаци, производител на топлина во Скопје и Битола и три туристички компании кои управуваат со хотелите и сместувачките капацитети на ЕСМ.

Според достапни јавни податоци ЕСМ е компанија која лани исплатила најголем апсолутен вкупен износ за плати на своите вработени минатата година.

Колкави приходи остварил ЕСМ лани?

Независната ревизија утврдила дека ЕСМ лани од производство и продажба на струја инкасирал 288,16 милиони евра кои се наплатени од продажба на струја за домаќинствата и малите стопанства кои плаќаат регулирани цени на електрична енергија.

Компанијата заработила уште 41,7 милиони евра од МЕПСО за продажба на системски услуги непоходни за да може да се балансира и управува електро-преносниот систем на Македонија.

ЕСМ лани успеал да инкасира и 31,8 милиони евра од продажба на вишоци односно струја која ја продавал по пазарна цена затоа што немал обврска да ја продаде на домаќинствата по регулирана цена.

Од својата подружница „Енергетика“ во скопската населба Железара ЕСМ инкасирал 4,9 милиони евра. Од кои 2,73 милиони евра се од продажба на топлинска енергија, а 2,16 милиони евра се од продажба на електрична енергија.

Вредно за истакнување е тоа што за да оствари продажба од 288 милиони евра ЕСМ од Владата односно од централниот буџет добил субвенции односно донации во вредност поголема од 90 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар