Која мала банка гази со профит поголем од еден милион евра?
Објавено во: Економија 23 Ноември, 2020
ТТК Банка ги зголемила нето приходите од кредити во споредба со истиот период лани, на годишно ниво има значаен раст на кредитирањето, ги намалила резервациите и остварила профит за девет месеци кој пред оданочување изнесува 1,1 милиони евра
ТТК Банка, чии акции котираат на Официјалниот пазар, се покажа резистентна на последиците од корона кризата. ТТК Банка за првите девет месеци книжи добивка (пред оданочување н.з.) од 1,1 милиони евра, покажуваат официјалните резултати што неодамна ги објави оваа банка.
Значајно за акционерите е тоа што ТТК Банка за девет месеци ги зголемила нето приходите од камати (најголемата приходна ставка н.з.). Тие изнесуваат 3,3 милиони евра и во споредба со истиот период лани се поголеми за 48.000 евра. Нивното зголемување е повеќе од потребно да го компензира намалувањето на приходите од провизии и надоместоци кои изнесуваат 1,6 милиони евра и се за 39.000 евра пониски од истиот период лани.
Останатите приходи на банката за периодот јануари – септември изнесуваат 599.000 евра и во однос на лани се пониски за 364.000 евра. Всушност тоа намалување е клучниот фактор за намалување на добивката на банката во овој период во споредба на истиот од лани.
Резервациите за кредитни пласмани бележат значајно намалување и изнесуваат 569.000 евра што е за 364.000 евра помалку од претходната година. Најголема расходната ставка се трошоците за вработените кои изнесуваат 2 милиони евра и бележат многу благ раст во споредба со истиот период лани.
На страната на билансот на состојба фактографијата е следна: Кредитирањето бележи благо зголемување кое изнесува 4,4 милиони евра и кредитните пласмани на крај на септември се на ниво од 87,4 милиони евра.
На годишно ниво кредитната активност бележи зголемување во износ од 408 милиони денари или за 8 проценти. Зголемувањето на кредитното портфолио произлегува во најголем дел како резултат на порастот на кредитите од секторот Домаќинства со годишна стапка на раст од 17,7 % или пораст во апсолутен износ од 535 милиони денари.
Депозитната база е на исто ниво со истиот период минатата година, карактеризирана со пораст кај секторот Домаќинства во износ од 116 милиони денари или за 2,5%, пораст кај секторот ГК во износ од 102 милиони денари, зголемување кај секторот Финансиски институции кој бележи пораст за 21 милиони денари и намалување кај секторот МСП од 240 милиони денари или за 19,7 проценти.
Соодветно зголемување банката остварила и во своите пласмани во портфолиото од хартии од вредност и тие изнесуваат 22,8 милиони евра што е за 1,9 милиони евра повеќе од крајот на минатата година. Депозитната база на клиентите во ТТК Банка е на ниво од 115 милиони евра, а годишниот раст на депозитите од секторот домаќинства изнесува 2,5 проценти.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.