Која вакцина може да не заштити од јужноафриканскиот сој?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Февруари, 2021
„Модерна“ почнува со тестирање на вакцини против јужноафриканскиот сој на коронавирусот кој зема замав во светот. Првата фаза ќе се реализира на мал број луѓе. На тест ќе биде ставена способноста на вакцината да предизвика имунолошка реакција.
Во САД следниот месец ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта. Водечкиот епидемиолог во САД, Ентони Фаучи, вели дека испитувањата од првата фаза ќе почнат наскоро, а засега нема да се проучува ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста на производот.
Овој сој го има веќе и на Балканот. Најново е дека Словенци кои биле во Намибија се заразиле со овој вид на коронавирус. Првите случаи се регистрирани и во Хрватска. Бројот на заразени со коронавирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 114 милиони.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.