Која велешка фирма ја зголеми продажбата за 25 отсто на домашен пазар?
Објавено во: Економија 22 Декември, 2020
По преименувањето во „Кристал 1923“ од „Благој Ѓорев“ годинава и тргна на велешката прехранбена индустрија која за две години ќе прослави 100 години работа и постоење. Продажбата на домашен пазар за девет месеци достигна 7,5 милиони евра што е за 25 отсто подобро од лани. Добивката за овој период е речиси 300.000 евра
Велешката компанија „Кристал 1923“ (поранешна „Благој Ѓорев“) специјализирана за производство на сончогледово масло за јадење, маргарин и палета на уште неколку прехранбени производи за девет месеци годинава успеа на домашниот пазар да ја зголеми продажбата за 25 отсто во споредба со лани. Ова се официјални податоци достапни во билансот на успех на велешката компанија која за две години ќе прослави 100 години постоење.
Финансиските податоци покажуваат дека годинава менаџментот на компанијата во целост се фокусирал на домашниот пазар и имал солиден резултат. Приходите од продажба за првите девет месеци изнесуваат 7,9 милиони евра што е за 18 отсто повеќе во споредба со лани. Клучна улога во целокупниот раст на продажбата има домашниот пазар. Очигледно дека традицијата на бреднот го прави своето. Предводени од својот најпознат артикал – маслото за јадење „Кристал“ годинава велешката компанија на домашниот пазар од продажби инкасирала 7,4 милиони евра и тоа во споредба со истиот период лани е зголемување за 25 отсто. Вакво зголемување е резултат со кој ретко која домашна компанија може да се пофали особено сега во услови на корона криза.
Извозот на „Кристал 1923“ годинава изнесува половина милион евра и тоа е за 33 отсто помалку од истиот период лани, но ова е очекува со оглед на ограничувањата за трговската размена кои ги создаде здравствената пандемија.
Оперативните расходи на друштвото очекувано дека растеле следствено на оперативните приходи. Достигнале 6,55 милиони евра и тоа е за 33 отсто повеќе од истиот период лани. Убедливо најголема расходна ставка се трошоците за суровини и материјали кои достигнале 5,18 милиони евра што е за 48 отсто повеќе од претходната година. Овој сооднос на приходите и расходите овозможил друштвото да заврши со оперативнат добивка од 415.000 евра што е неспоредливо подобрување во однсо на истиот период лани кога „Кристал 1923“ бил во загуба од 50.000 евра.
Финансиски приходи годинава друштвото нема, а финансиските расходи изнесуваат 136.000 евра и тоа е ставката за камати и курсни разлики.
Добивката на друштвото за првите девет месеци годинава изнесува 280.000 евра. Доколку нема некои значајни негативни измени во последните три години, друштвото веќе сега го има најдобриот финансиски резултат во споредба со годишните извештаи за последните три години.
Последната цена на таа акција на берзата изнесувала 149 денари и е постигната во средината на октомври годинава. Книговодствената цена на акцијата е 6 пати повисока од последната пазарна цена.
Во сопствен откуп друштвото има 25 отсто акции кои не носат право на глас ниту право на дивиденда. Најголем поединечен акционер е Горан Лазов кој воедно е и извршен директор и поседува 16,4 отсто од акциите. Друштвото „Агро Ели“ поседува 11,8 отсто од акциите, а велешните фирми „Скамбио“ и „Малина“ имаат по 9 отсто од акциите. Во поголемите поединечни акционери е и „Бане Комерц Трејд“ со 5,7 отсто од акциите.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.