Која земја е пазарен лидер во извоз на нафта во Кина?
Објавено во: Анализа, Свет 25 Август, 2016 13:02
Саудиска Арабија ја одржува позицијата на најголем снабдувач на нафта во Кина во првите седум месеци од оваа година, по рекордната екстракција во јули, иако Русија се заканува да го преземе лидерството во трката по продажба на најголемиот енергетски потрошувач во светот.
Најголем извозник на нафта во светот - Саудиска Арабија, доставува во просек по 1,05 милиони барели на ден на Кина за годината до 31 јули, што му дава пазарен удел од 14%, покажуваат пресметките на Bloomberg, базирани на податоците на кинеската царина од средата. Уделот на Русија изнесува 13,6%, покажуваат бројките. Русија ја подобрува својата позиција во Кина оваа година, надминувајќи го увозот од Саудиска Арабија во три од месеците.
„Ова е битка за удел, која се случува главно меѓу производителите од Блискиот Исток и Русија“, вели Оливие Џејкоб, управен директор во Petromatrix. „Натпреварувачите вложуваат сериозни напори во Кина“.
Нафтата поскапе со над 20% минатата недела, поради шпекулациите дека разговори меѓу снабдувачите во септември во Алжир може да доведат до активности за стабилизирање на пазарот. Најголемите производители во светот се борат за удел, додека цените се уште се со 50% под нивото од пред една година. Саудиска Арабија добила во просек по 10,67 милиони барели на ден во јули, додека производството на Русија изнесува 11,01 милиони барели на ден, покажуваат податоците на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).
Кина купила повеќе нафта од Русија отколку од Саудиска Арабија од март до мај, покажуваат податоците од Царината. За целата минатата година уделот на Русија е 12,6% во однос на 15,1% за Саудиска Арабија.
Русија добива предност пред Саудиска Арабија, делумно кога продава сурова нафта на самото место на цена на рафинерии, кои не се во сопственост на кинеските државни нафтени компании, вели Џејкоб. Овие мали рафинерии добија дозвола да увезуваат сами суровина минатата година. Русија продавала по 1,02 милиони барели на ден во првите седум месеци, покажуваат податоците.
Саудиска Арабија, која историски продавала повеќе сурова нафта преку долгорочни договори на големи рафинерии, може да се обиде да продаде повеќе нафта на самото место на базата, за да освои купувачи во Азија, вели Џејкоб. „Спот продажбата е начин да се прилагодат на конкуренцијата“, додава тој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





