05 Декември, 2025
0.0298

Која земја може да му ја земе круната на Лондон како глобален бизнис центар?

Објавено во: Анализа, Свет 07 Септември, 2016 14:06

Добивај вести на Viber

Ако Лондон го изгуби статусот на бизнис лидер на светот, Сингапур брзо ќе го смени на водечката позиција, коментира „Bloomberg“.

Азиската островска држава се нареди зад Лондон како најдобар глобален бизнис град, покажува новото истражување на „PricewaterhouseCoopers“, базирано на социјални и економски податоци објавени пред гласањето на Велика Британија за излез од Европската унија. Индексот на компанијата „Cities of Opportunity Index“, кој излегува по седми пат,го става Сингапур пред Париз и Амстердам - ​​два европски града, кои се обидуваат да привлечат странските компании во случај да решат да ги преместат своите активности од Лондон.

london stat

Исклучителната технологија, ниските даноци и најефикасните транспортни и инфраструктурни системи му помогнале на Сингапур да го надмине Њујорк и да се искачи за едно место напред на листата во однос на претходната анкета од 2014 година.

За разлика од другите студии кои ги рангираат финансиските центри врз основа на нивната конкурентност, индексот на PwC ги проценува градовите и нивното социјално и економско здравје, мерејќи ги индикаторите како лесно водење бизнис, демографија и технолошката подготвеност.

Резултатите го покажуваат зголеменото бизнис влијание на Сингапур, делумно како резултат на проширување на финансиската и осигурителна индустрија, која формира околу 13% од економијата.

Сингапур води пред својот главен азиски конкурент - Хонгконг, во категории како лесно водење бизнис, инфраструктура и здравство, безбедност и сигурност. Хонгконг опаѓа со едно место надолу во индексот до деветтата позиција, делумно поради послабите резултати на категоријата која го мери интелектуалниот капитал и иновации.

Малку градови го надминуваат Сингапур од гледна точка на даноците. Корпоративната даночна стапка е 17% во однос на над 30% во Франција, 35% во САД и во просек 22,8% во 35-члената Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД).

„Анализа на вкупната корпоративна даночна стапка, даноците на поединци и даночната ефикасност покажува дека Сингапур, заедно со Дубаи и Хонг Конг, имаат најниски стапки и највисока ефикасност“, посочуваат од „PwC“.

london stat1

Втората позиција во индексот сепак не значи дека Сингапур ќе привлече компании кои ќе бараат да ги преселат своите активности надвор од Лондон при излегување на Британија од ЕУ. Како почеток градот-држава ги затегнува правилата спрема странските вработени и има целогодишен проблем со загадувањето поради шумските пожари во Индонезија.

Рави Меноти, шеф на централната банка на Сингапур, во вторникот рече дека компаниите стартуваат со активности во Хонг Конг и Сингапур, за да влезат на азиските пазари и Брегзит може и да не му наштети на атрактивноста на Лондон како финансиски центар.

„Лондон ќе остане главен финансиски центар“, рече тој. „Ако има некое поместување, тоа ќе биде кон други финансиски центри во Европа“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени