„Кока Кола“ сака да го купи брендот Црна Гора
Објавено во: Балкан 01 Април, 2013 11:56
Глобалната корпорација „Кока Кола Компани“ е заинтересирана да го откупи правото на користење на брендот „Црна Гора“ и на тој начин да ја искористи оваа земја како дел од својата рекламна стратегија во Европа, за подгоричкиот весник „Вијести“ потврдија од врвот на балканската експозитура на овој американски гигант.
За сега се уште не се знае кога ќе тргне официјалната иницијатива кон црногорската Влада, ниту се знае вредноста на можната финансиска понуда, но извесно е дека во рамки на мултинационалната компанија управувачкиот менаџмент минатиот месец и одобрил на европската филијала да ја отпочне целата постапка.
Лујза Б. Родик секретарка на генералниот директор на ККК за Југоисточна Европа за „Вијести“ потврди дека понудата е во завршна фаза, како и дека на Владата на Црна Гора ќе и биде препуштено да ја осмисли агендата за почеток на преговорите.
Родик која со години работела во централата на компанијата „Кока Кола“ во Атланта, изјави дека идејата за Црна Гора како бренд почната минатата година на Интернационалниот форум во Бангкок кога на топ менаџерот Бен Ридли му биле прикажани серијал цртежи на црногорскиот сликар Роман Ѓурановиќ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





