20 Декември, 2025
0.0483

Колегите судии на Панчевски му поднесоа нова кривична пријава

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2016 19:20

Добивај вести на Viber

Владимир Панчевски, претседателот на Основниот суд Скопје 1, заработи уште една кривична пријава од своите колеги, овој пат за пречекорување на службената положба со нелегитимен оглас.

Во кривичната пријава против Панчевски од вработени во судот се наведува дека на 18 ноември тој ја „искористил својата службена положба и овластување, и со пречекорување на границите на своето службено овластување-како претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје, со одлука СУ.бр.65/16 од 18.11.2016 година, откако најпрво распишал интерен оглас бр.3/2016 од 04.11.2016 година за избор на судски администратор-категорија А2 од Законот за судска служба, ја избрал Роза Кавазова-вработена во Основниот суд Скоје 1 Скопје на работно место А2 со звање судски администратор, сѐ со цел стекнување на корист за Роза Кавазова, а во исто време на штета на другите кандидати кои се пријавиле на огласот“.

Панчевски ја донел одлуката и покрај писменото барање од 8 ноември, поднесено од раководителот на човечки ресурси Горан Стаменковски, со кое тој бара од претседателот на судот да го ревидира интерниот оглас за унапредување на судски службеник и да го поништи затоа што не бил во согласност со Законот за судска служба.

Во образложението дека Панчевски сторил кривично дело се наведува дека „тој требало интерниот оглас да го објави јавно“.

„На истиот повторно ќе можело да се јават само вработените во судот, но тој не смеел да не биде објавен јавно како што тоа е предвидено во членот 9 од Законот за судска служба. На тој начин Панчевски, водејќи се од личното пријателство со Роза Кавазова, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, со пречекорување на своето службено овластување ја избрал Роза Кавазова за судски администратор сѐ со цел стекнување на корист за Роза Кавазова, но во исто време и наштетувајќи им на другите кандидати кои се пријавиле на огласот“, стои во образложението на кривичната пријава. 

Претходно и судијата Иван Џолев поднесе кривична пријава против Панчевски за вршење влијание врз судија за да преземе одделни незаконски дејства. На ова Панчевски одговори исто така со кривична пријава за лажно пријавување.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки