18 Декември, 2025
0.2819

КОЛИ, КАМИОНИ, БАГЕРИ, ЗЕМЈИШТА, СТАНОВИ, МАШИНИ....УЈП со мерки за неплатените даноци, еве што зема од должниците

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2025 09:55

Добивај вести на Viber

Со цел заштита на Буџетот и праведност за сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи во период јули – септември 2025 (трет квартал), спроведе конкретни мерки за присилна наплата за секоја доспеана, а неплатена даночна обврска, информираше УЈП на социјалните мрежи.
Во месеците јули и август покрај „блокирање“ на трансакциски сметки во банките, преземени се и следните мерки:

Заложни права на движни предмети кај 78 должници:

(59) Патнички моторни возила

(35) Товарни моторни возила

(6) Мотоцикли

(2) Машини

(4) Багери

(2) Мопеди

(1) Плазма стерилизатор

(3) Хидрофорни станици

(1) Реактор за алкохол

(1) Чилер машина за ладење

(1) Полуавтоматска машина

(1) Автоклав за стерилизација

(1) Машина за миење на инструменти

(2) Aвтоклав прододен

Хипотеки на недвижен имот кај 12 должници:

(6) Станови

(6) Градежно земјиште

(9) Деловни простории

(9) Земјиште под зграда

(7) Земјоделско земјиште

(3) Помошни простории

(2) Ниви

(2) Градежно изградено земјиште

(1) Градежно неизградено земјиште

Исто така за период јули – септември 2025 (трет квартал), УЈП преку е-Аукции, УЈП изврши продажба на:

8 движни предмети:

VW CADDY (×2)

CITROËN JUMPER

Универзален багер LGCM LGE56

Багер VOLVO 210

Работна машина мини утоварач (метла) LG 936

Вилушкар со опрема PTX-MAGNI RTH0625PD

Мобилна машина (со телескоп рачка) CB532-120

Вкупна вредност на продадените движни предмети: 13.438.100 денари (218.506 евра)“, информираат оттаму.

Од УЈП велат дека важно е да се знае дека од постигнатата цена на аукција, прво се наплаќаат трошоците за постапката, потоа каматата, а на крај главниот долг на даночниот обврзник.

„Доколку продажбата не е успешна и после втората јавна аукција, Република Македонија станува сопственик на недвижниот имот, а даночниот долг се намалува во износ кој одговара на 50% од проценетата пазарна вредност на недвижноста.

И покрај продажбата на имотот, даночниот долг не секогаш се покрива целосно – обврзникот може да продолжи да должи“, велат од УЈП.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?