19 Декември, 2025
0.0837

Колкав процент Македонци живеат во сопствен дом?

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2017 07:53

Добивај вести на Viber

Ма­ке­до­ни­ја е ед­на од зем­ји­те во Ев­ро­па со нај­ви­сок про­цент на сопс­тве­ни­ци на до­мо­ви, ду­ри 85 от­сто од Ма­ке­дон­ци­те жи­ве­ат во сопс­тве­но жи­ве­а­лиш­те. По овој по­ка­за­тел пред нас е са­мо Ро­ма­ни­ја, со ре­чи­си 95 от­сто сопс­тве­ни­ци на ста­но­ви. Со Хр­ва­ти­те го де­ли­ме ис­ти­от про­цент, а сле­ду­ва­ат Лит­ва­ни­ја (84 от­сто), Сло­вач­ка (81 от­сто), Бу­га­ри­ја (80 от­сто), Ср­би­ја (79 от­сто) и Пол­ска (74 от­сто). Нај­ни­зок про­цент на сопс­тве­ни­ци на до­мо­ви има во Швај­ца­ри­ја, Хо­лан­ди­ја и Швед­ска со под 10 от­сто, но та­му е мно­гу по­го­лем про­цен­тот (од 50 до 60 от­сто) на тие што по­се­ду­ва­ат жи­ве­а­лиш­те под хи­по­те­ка или го от­пла­ќа­ат пре­ку дол­го­ро­чен кре­дит. Ова го по­ка­жу­ва­ат по­да­то­ци­те од „Из­веш­тајот за до­му­ва­ње­то“ на ме­ѓу­на­род­на­та ор­га­ни­за­ци­ја „Ха­би­тат фор ху­ма­ни­ти“.

Во из­веш­та­јот се на­ве­ду­ва ка­ко до­бар при­мер при­ва­ти­за­ци­ја­та на оп­штес­тве­ни­те ста­но­ви во зем­ји­те од по­ра­неш­ни­от со­ци­ја­лис­тич­ки блок и на СФР Ју­гос­ла­ви­ја по 1990 го­ди­на, ко­ја до­ве­де до тоа го­лем број жи­те­ли на овие др­жа­ви да ста­нат сопс­тве­ни­ци на ста­но­ви.

- Ре­чи­си 80 про­цен­ти од стан­бе­ни­от фонд на Ма­ке­до­ни­ја бе­ше соз­да­ден ме­ѓу 1960 и 1980 го­ди­на- се ве­ли во де­лот на из­веш­та­јот за Ма­ке­до­ни­ја.

Спо­ред ана­ли­за­та на „Ха­би­тат“ ма­ке­дон­ски­те до­ма­ќин­ства од­во­ју­ва­ат 19,7 от­сто од вкуп­ни­те при­хо­ди за тро­шо­ци­те по­вр­за­ни со до­му­ва­ње­то, во кои вле­гу­ва­ат ки­ри­и­те, ко­му­нал­ни­те смет­ки и одр­жу­ва­ње­то. Овој про­цент ја ста­ва Ма­ке­до­ни­ја мал­ку под про­се­кот на Ев­ро­па за тро­шо­ци за до­му­ва­ње, кој из­не­су­ва 22 от­сто. По­ве­ќе од нас тро­шат Гр­ци­те, на кои за до­му­ва­ње им одат ре­чи­си тре­ти­на од те­ков­ни­те при­хо­ди, Бу­га­ри­те и Ср­би­те со 28 от­сто, Ун­гар­ци­те со 24 от­сто, а Ро­ма­ни­ја и Сло­вач­ка се блис­ку до ев­роп­ски­от про­сек од 22 от­сто. Ев­роп­ски­от про­сек го кре­ва­ат уш­те и Дан­ци­те, кои тро­шат 27 от­сто од при­хо­ди­те за до­му­ва­ње, Гер­ман­ци­те со 23 от­сто и Че­си­те со 21 от­сто.

Оп­што зе­ме­но по­ве­ќе од 10 от­сто од ев­роп­ски­те до­ма­ќин­ства тро­шат над по­ло­ви­на од до­маш­ни­те при­хо­ди за тро­шо­ци­те за до­му­ва­ње, по­ка­жу­ва­ат по­да­то­ци­те на „Ха­би­тат“. До­ма­ќинс­тва­та со ни­ски при­хо­ди кои тро­шат над 40 от­сто од бу­џе­тот за стан­бе­ни тро­шо­ци ста­ну­ва­ат се пом­но­губ­рој­ни во це­ла Ев­ро­па, а овој тренд е осо­бе­но из­ра­зен во ур­ба­ни­те цен­три со ди­на­ми­чен раз­вој и во не­раз­ви­е­ни­те ре­ги­о­ни.

Си­ту­а­ци­ја­та е по­теш­ка во Цен­трал­на и Ис­точ­на Ев­ро­па, ка­де што не­кои до­ма­ќин­ства од­де­лу­ва­ат за смет­ки­те за гре­е­ње по­ме­ѓу 30 и 50 от­сто од сво­и­те при­хо­ди во те­кот на зи­ма­та. Спо­ред ана­ли­за­та, др­жа­ви­те што се прик­лу­чи­ја кон ЕУ во 2004 го­ди­на ка­ко Ун­га­ри­ја, Пол­ска и Сло­вач­ка се спра­ву­ва­ат зна­чи­тел­но по­доб­ро од Ро­ма­ни­ја, Бу­га­ри­ја и зем­ји­те над­вор од ЕУ.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд