19 Декември, 2025
0.0391

Колкав процент од Германците работат прекувремено?

Објавено во: Економија 24 Јули, 2025 16:29

Добивај вести на Viber

Прекувремената работа во Германија станува сè поретка. Според најновите податоци од германскиот завод за статистика Дестатис, само еден од девет вработени редовно работеле повеќе од договорените работни часови минатата година, пишува списанието Феникс.

Резултатите од микропописот од 2024 година, објавени денеска покажуваат дека приближно 4,4 милиони луѓе, или 11 отсто од вкупно 39,1 милиони вработени, пријавиле дека редовно остануваат на работа подолго од пропишаното време.

Статистичарите истакнаа дека мажите работат прекувремено почесто од жените, т.е. 13 oтсто од мажите во споредба со 10 отсто од жените.

Огромното мнозинство вработени, 71 отсто од нив, ги евидентираат своите прекувремени часови преку официјални програми за следење на работното време. Тие часови обично подоцна се претвораат во слободни денови. Покрај тоа, 16 отсто од работниците добиле паричен надомест за дополнителна работа, додека 19 отсто работеле без никаков надомест, процент што е малку зголемен во споредба со 2023 година.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии