Колкав профит направи „Комерцијална банка“?
Објавено во: Финансии 31 Јануари, 2018 08:04
Нето добивка со минимален раст во споредба со 2017 година, значајно зголемени резервации за кредити, умерен раст на депозитната база и кредитирање со статус кво, се најважните вести од финансискиот извештај на „Комерцијална банка“ за 2018 година
„Комерцијална банка“ оствари нето добивка од 820,6 милиони денари за 2018 година односно 360 денари за акција, покажуваат официјалните податоци од посебниот финансиски извештај на оваа банка за 2018 година. Во споредба со последната пазарна цена на таа акција, доколку биде одобрено целиот износ (со исклучок на задолжителната резерва) да биде исплатен во дивиденда инвеститорите би добиле бруто принос од 15,6 отсто што е сосема солидна проекција.
Како изработи лани „Комерцијална банка“?
Приходите од камати, главната приходна ставка, лани биле на ниво од 3,56 милијарди денари што претставува ниво речиси идентично како и во 2016 година ако се изземе фактот дека приходот од камата е намален за 74 милиони денари што е намалување за 2 отсто. Ова укажува дека во услови на намалени каматни стапки банката успеала да ја одржи својата база и одбележува статус кво. Со други зборови кажано иако нема раст на приходи од кредитирање банката во оваа конкуренција успеала да одржи исто ниво како и во 2017 година. Кај расходите за камати очекувано има намалување и тоа е од 64 милиони денари во споредба со 2016 година односно тој трошок на банката е помал за 11,5 отсто. Износот на нето камати за 2017 година е 3,070 милијарди денари односно околу 50 милиони евра. Во споредба со 2016 година е понизок за 8,5 милиони денари што минорен пад од 0,3 отсто.
Кај втората по значење приходна ставка нето приходот од надоместоци и провизии е 825,7 милиони денари и во однос на 2016 година бележи пад од скромни 39 милиони денари.Значајни за истакнување се останатите приходи од дејноста кои изнесуваат 1,073 милијарди денари и во однос на 2016 година се поголеми за 520 милиони денари. Овој солиден раст веројатно се должи на продажба на имот земен како обезбедување и оваа ставка значајно и позитивно влијае врз крајниот резултат односно нето добивката на оваа голема банка.
Резервациите зголемени, загубата од губење вредност на обезбедувањето намалена
Банката успешно ги менаџирала имотите или средствата кои ги земала како обезбедување од клиенти кои не сервисирале обврски на време. Податоците покажуваат дека загубата заради оштетувањето на нефинансиските средства е намалена 143 милиони денари во однос на 2016 година. Попрецизно кажанозагубата заради оштетување на нефинансиски средства е повеќе од преполовена. На крај на 2016 година изнесувала 245,4 милиони денари, а на крај на 2017 година изнесува 102,4 милиони денари. Тоа укажува на заклучок дека менаџментот спроведувал политика на навремено ослободување од средства и нивна продажба. Резултат е очевиден. Наспроти тоа, не е најдобро проценет ризикот на кредитите, но тоа е и најтешката работа. Резервациите се зголемени за повеќе од 10 милиони евра односно за 628 милиони денари повеќе од 2016 година и тие на крај на 2017 година изнесуваат 2,381 милијарди денари. Веројатно во голема мерка за овој раст придонела состојбата со комбинатот за фероникел „Фени“ кој е во финансиска незивесност и чека инвеститор или ќе оди во стечај. Сепак значајно е да се каже дека дел од резервациите можат да бидат ослободени годинава доколку банката ја подобри наплатата.
Кредитирањето со статус кво, раст евложувањето до државни хартии од вредност
Банката одржува исто ниво на кредитирање лани во однос на 2016 година. Растот е само 100 милиони во однос на 2016 година што е капка во море во однос на масата кредити на други коминтенти (освен банки) кој изнесува 45,37 милијарди денари. Значајно за истакнување е дека банката се повеќе во фокус ги става хартиите од вредност. Во нив на крај на 2017 година се вложени 10,75 милијарди денари што е за 2,7 милијарди денари повеќе од 2016 година. Истовремено со тоа кредитите на банки се намалени за 4,2 милијарди денари до ниво од 5,8 милијарди денари. Лани банката превзела средства врз основа на неплатени побарувања до ниво од 776,8 милиони денари што е за 210 милиони денари повеќе од 2016 година. Депозитите на фирмите, здруженијата и на домаќинствата се зголемуваат постепено, но сигурно. Тие на крај на 2017 година достигнаа 91,27 милијарди денари што е раст за 4,1 милијарди денари во однос на 2016 година.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





