19 Декември, 2025
0.0559

Колкав процент од граѓаните во Македонија се сиромашни?

Објавено во: Економија 20 Јули, 2016 17:35

Добивај вести на Viber

Скоро половина од граѓаните во државата се соочуваат со сиромаштија.

Во 2014 година, 43,2% од населението било подложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Овој податок стои во публикацијата „Одржлив развој“ на Државниот завод за статистика.

Податоците говорат дека стапката на сиромаштија била поголема кај мажите и тоа 22,3%. Младите луѓе до 18 години имале поголем ризик од сиромаштија  или 29 %. Сиромаштијата помалку ги погодува луѓето на возраст над 65 години, кои генерално живеат од пензии и од социјални трансфери.

Во текот на 2014 година, најранливи биле домаќинствата со три или повеќе издржувани деца, при што 51,1% од лицата што живеат во такви домаќинства се сиромашни. Најмалку подложни на сиромаштија се лицата во домаќинства на самци или 6,9%.

Најголемиот дел од потрошувачката на домаќинствата бил наменет за задоволување на потребите за храна, 31,9%, за домување – 24,9%, транспорт – 8,6% и за комуникации – 3,6%.

Ако се вратиме назад, во 2013 година  сиромашни биле 500.400 граѓани или 24,2% од вкупното население.

Во 1997 година тој број бил 19%  или околу 360.000 граѓани.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар