19 Декември, 2025
0.0469

Колкава е просечната заработка на еден Македонец во февруари?

Објавено во: Економија 26 Април, 2013 13:05

Добивај вести на Viber

Податоците за исплатена просечна  бруто и нето плата во февруари ги објави  македонската статистика,  истите покажуваат дека  бруто платата изнесува 30.644, а нето платата по вработен е 20.910 денари.
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 101.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво за 9,4 отсто, Информации и комуникации за 7,2 отсто и Транспорт и складирање за 6,9 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 15,6 отсто, Градежништво за 5,1 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа климатизација за 4,7 отсто.
Индексот, пак, на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, изнесува 101.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво за 10,6 отсто, Информации и комуникации за 7,7 отсто и Транспорт и складирање  за седум отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен и тоа за 15 отсто,  Градежништво за пет отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,6 отсто.
Во февруари оваа година, 2,3 отсто од вработените во земјава не примиле плата.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд