19 Декември, 2025
0.0518

Колкави се загубите на Македонски железници поради штрајкот на грчките колеги?

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2016 20:25

Добивај вести на Viber

Штрајкот на железничарите во Грција предизвикува штета од 5 милиони евра на Македонски железници, информира директорот на државната компанија, Никола Костов.

Платите на вработените се исплаќаат редовно и нема прекини, но и Македонски железници бележат загуби во работењето.

Костов објаснува дека поради штрајкот кој траеше околу еден месец, штети трпат и фирмите кои транспортираат стока.

Само последните недели околу 80 камиони од земјава беа блокирани поради штрајкот во Грција. Стопанската комора на Македонија пред една недела побара од грчките власти да го прекинат штрајкот, поради големите загуби на домашните бизниси. Македонија  е врзувачки пат помеѓу Солун и Белград и многу трговски размени се одвиваат по коридорот 10.

Вработените во грчката железница и приградските линии го одложија 24-часовниот штрајк закажан за утре до 6 јули.

Одлуката за одлагање на штрајкот доаѓа откако Грчкиот фонд за развој соопшти дека го продолжува рокот за собирање понуди за продажба на 100 проценти на грчките железници Траиносе.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд