05 Декември, 2025
0.0593

Колку чини преносот на Премиер лига!?

Објавено во: Анализа 11 Февруари, 2015 09:52

Добивај вести на Viber

Премиер лигата на Англија во фудбал ги има продадено телевизиските права за своите натпревари за нови три сезони за рекордни 5,136 милијарди фунти (во просек по 10,19 милиони од натпревар) - со 71% повеќе од претходниот пат. Тендерот за телевизиските права, кој е освоен од Sky и BT, како и во 2012 година, се очекуваше да собере до 4,4 милијарди фунти. Договорот е за три сезони, почнувајќи од 2016 година. Sky платила 4,176 милијарди фунти за пет од седумте телевизиски пакети, додека ривалот BT плаќа 960 милиони за другите два. Sky плаќа со 83% повеќе отколку за претходниот тендер пред три години. Телевизијата ќе плати 1,392 милијарди годишно, или 11,07 милиони по натпревар за правото да емитува 126 натпревари - со 10 повеќе отколку во моментов. Sky призна дека сумата што ја плаќа за правата, е околу 330 милиони над прогнозите на аналитичарите. BT плаќа со 18% повеќе од претходниот тендер, а го зголемува бројот на натпревари кои ќе ги пренесува во живо од 38 на 42 годишно. Таа ќе плати 320 милиони фунти за сезона. Новата сума е еднаква на 7,6 милиони фунти за натпревар. Главниот извршен директор на Премиер лигата Ричард Скадмор рече дека средствата добиени на аукцијата ќе бидат инвестирани од клубовите за подобрувања на стадионите, како и за развојот на младинските школи и други добротворни цели. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени