26 Ноември, 2024
0.0261

Колку данок треба да платите: На секои четири години нова проценка на вашиот имот

Објавено во: Економија 22 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Ревизија на пазараната вредност на недвижниот имот која всушност е основа на данокот на имот да се пресметува да се прави на секои четири години, предвидуваат новите заонски измени на Законот за данок на имот кои веќе стасаа во собрание. Со измените Владата планира да ги зголеми за три пати стапките за данокот на имот за недвижен имот кој не се користи од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на годината. Од другите измени предвидено е за три пати да се зголемат стапките и за земјоделското земјиште  кое не се користи. Инаку доста повисоки се стапките доколку не се пријави некој имот. Имено во измените стои дека државата, општините, градот Скопје како и физичките и правни лица кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.

„Се предлага ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот (репроценка) која претставува даночна основа на данокот на имот од страна на општините, општините на град Скопје и Градот Скопје да се врши на секои четири години од причина што може оперативно односно на теренда има промена на фактичката состојба, а за која проценителите и општинската администрација не е запознаена и со тоа приходите во Буџетот на единиците на локалната самоуправа може во тековната година да бидат многу пониски од предвидените, стои во законот.

Инаку стапките за данок на имот остануваат исти како и во досегашното законско решение. И сега за имот кој се користи данокот ќе с епресметува пропорционално со стапка од 1,10 проценти до 0,20 проценти. Во посебен член сепак стои дека земјоделското земјиште кое не се користи има даночна стапка за три пати поголема од пропишаните

„Стапките  на данокот на имот за другиот недвижен кој е во сопственост на државата или на општините, општините во градот Скопје и на градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица а кој не се користи од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест  месеци во текот на една година, се зголемуваат за три пати во однос на стапките пропишани во ставот (1) на овој член, стои во измените

Регулирано е и дека во случај кога цената постигната во актот за пренос на правото на сопственост е повисока од пазарната вредност утврдена согласно Методологијата за проценка на пазарната вредност, даночна основа е цената постигната во актот за пренос на правото на сопственост.

Инаку законот ќе почне да се применува од 1 јануари 2022 година.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија