Колку дозволи за градба се издадени во мај?
Објавено во: Економија 09 Јули, 2016 12:39
Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2016 се издадени 292 одобренија за градење што е за 57% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 970 915 илјади денари што е за 13% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 163 (55.8%) се наменети за објекти од високоградба, 33 (11.3%) за објекти од нискоградба и 96 (32.9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 292 објекти, на 182 (62.3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 110 (37.7%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 750 станови со вкупна корисна површина од 63 183 м2.
По региони во вардарски се издадени 10 дозволи, во источен 39, југозападен 23, југоисточен 51, пелагониски 29, полошки 20, североисточен 10 и скопски 110 дозволи за градба.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




