13 Мај, 2024
0.0230

Колку е потребно да си богат во Велика Британија?

Објавено во: Стил 01 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Иако многумина од Британците сонуваат за хациенди и јахти, за еден просечен Британец да е „богат“ е многу поевтино - потребни се само 4 000 фунти месечна плата. Со оваа четирицифрена сума тие се ставаат графата на богатите луѓе кои можат да си дозволат безгрижен живот. Ова го покажала последната анкета која го испитувала јавното мислење на Британците за животниот стандард во земјата. Повеќе од нив сметаат дека за да си дозволат луксузен живот, им се потребни точно 4 413 фунти месечно. Сепак, просечната годишна плата во Велика Британија изнесува околу 26 000 фунти, односно околу 1700 фунти месечно.За „богат" живот се потребни 80 000 фунти годишно, што е три пати повеќе од приходите на просечниот Британец. Истражувањето покажло и дека за милиони Британци парите се поважни од пријателите. Секој трет Британец износот на банкарската сметка го става на преден план, пред пријателите и пред семејството.