05 Декември, 2025
0.0271

Колку е зависна Европа од рускиот гас?

Објавено во: Анализа 14 Март, 2014 18:45

Добивај вести на Viber

„Зависноста од рускиот гас не смее да ја парализира Европа во момент кога се сака брза акција и единствена перспектива", изјави премиерот на Полска Доналд Туск." Ова не  се однесува само до Германија, иако Германците се одличен пример за оваа зависност во последните неколку години ", го цитира премиерот германскиот весник Die Welt. На овој начин Туск го покрена прашањето за самитот на лидерите на ЕУ во текот на следната недела.Покрај  кризата во Украина тие сакаат да разговараат и за тоа како може да се намали зависноста од увоз на природен гас. "Европскиот совет е загрижен за големата енергетска зависност на Европа, особено од гас, и повикува на зголемување на напорите за намалување нејзините" се вели во нацрт завршниот документ од самитот на ЕУ. Всушност Германија е најголемиот купувач на руски природен гас, 16 проценти од целиот извоз преку гасоводи доаѓа во Германија - речиси толку добива и Украина. Близок поглед на картата на Европа со енергетските резерви покажува дека други земји, при тоа со пониска побарувачка од тоа во Германија, се  исто така многу зависни од Русија. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) пет земји од ЕУ го добиваат својот гас исклучиво од Русија: Бугарија, Словачка, Финска и Полска. Исто и Унгарија (70 отсто) и Грција (54 отсто) се силно зависни од рускиот гас од гасоводот, додека Германија добива 39% од потребите од Русија - повеќе од просекот на ЕУ во износ од 31 проценти. Полска веќе дејствува - Туск сака да ја намали дури и побрзо од планираното зависноста на земјата од рускиот природен гас. Владата го претстави предлог-закон со кој ископувањето на шкрилци гас треба да биде забрзан. Обемот на испораките на руски гас се намалува во текот на  годините, но не доволно брзо, вели и комесарот за енергија Гинтер Јотингер. "Европа треба да создаде големи напојување, да се потпира на повеќе извори, отколку денес", вели тој. "Нашата стратегија за диверзификација напредуваше, но таа се уште не е завршена. Ќе потрае уште пет до десет години, но денес ние сме постабилни отколку пред пет години ", изјави неодамна Отингер пред Die Welt. Главниот проблем : сопствените ресурси на природен гас во Европа веќе не се доволни за да одговорат на побарувачката . Велика Британија и Холандија заеднички произведуваат толку гас , како Норвешка , која не е член на ЕУ . Околу 160 милијарди кубни метри природен гас годишно произведува ЕУ , додека во Русија обемот е четири пати поголем . И додека според  прогноза на Меѓународната агенција за енергетика ( ИЕА ) производството на Русија може да се зголеми значително до 2030 година , залихите во Северното Море полека но сигурно истекуваат : според ИЕА ЕУ ќе може да црпи едвај 99 милијарди кубни метри во 2030 година. Според статистиката на Агенцијата во ЕУ има само две држави кои сами ги задоволуваат своите потреби од природен гас - Холандија , која добива 174 % од своите потреби , и Данска со 164 % од своите потреби. Британија може да набави 53 проценти од потрошувачката од сопствени извори. Во многу земји степенот на енергетска самодоволност е нула или малку над нулата - практично тие треба да купат сè. Меѓу нив според ИЕА спаѓаат Португалија , Шпанија , малиот Луксембург , а исто така и Франција , која достигна ниво на самодоволност од еден процент . За Германија процентот е 14% , а за Полска - 34 проценти . Треба да се има во предвид и увозот во Европа на гас под течен облик од Нигерија, Катар и Либија. Германија и Франција немаат терминали за такви резерви на гас, Италија сепак се потпира главно на оваа технологија. "Ние мора да размислиме дури за испораки на гас од САД", вели  Отингер, "со оглед на фактот дека Катар е моментално во спорни односи со соседите во Персискиот залив бидејки во Либија бунтовници го блокираат приносот. Енергијата во Европа во премногу значајна мера е во рацете на политички нестабилни земји ", додава Отингер. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени