25 Ноември, 2024
0.0480

Колку евра сме купиле во менувачници годинава: Кризата ги потроши девизите

Објавено во: Економија 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 470 милиони евра – за толку пари купиле девизи граѓаните во домашните менувачници во земјата за првите пет месеци годинава. Во истиот период на менувачниците им продале речиси 160 милиони евра. Сумите се значајно пониски од тие лани. Во услови на пандемија со Ковид-19, карантински мерки и значаен пад на економската активност се намалила и размената на девизи. Фактор анализира колку девизи прошле низ менувачниците годинава, но и колку е тоа споредено со истиот период минатата година.

Според податоците од Народната банка ако годинава граѓаните купиле девизи вредни 470 милиони евра годинава, сумата за истиот период лани е за над 250 милиони евра повисока. Имено од јануари до мај лани од менувачниците биле купени евра, долари, франци во вкупна вредност од речиси 722 милиони евра. Во тој период продадени се девизи во вредност од 190 милиони евра, додека годинава продажбата на девизи на менувачниците изнесува 160 милиони евра.

Милионските разлики во сумите најмногу се гледаат во месеците март април и мај, кога практично веќе имаше здравствена криза со коронавирусот, но и сериозни негативни економски поместувања.

Во март разликата во ставката купени девизи изнесува 38 милиони евра. Граѓаните во тој месец годинава купиле 80 милиони евра од менувачниците, а лани во тој месец дури 118 милиони евра. Во април разликата е најголема или над 91 милион евра. Во април 2020 година од менувачниците граѓани купиле 48,4 милиони евра, додека лани истиот месец таа сума била дури 140 милиони евра. Во мај пак, разликата е 86, 7 милиони евра.

Кога станува збор за продадени девизи пак, повторно најголема е разликата во април или во четвртиот месец - годинава граѓаните  продале девизи вредни 20 милиони евра, лани 32 милиони евра.

Помалата понуда и побарувачка на девизи во домашните менувачници се поврзува единствено со кризата. Секако во такви времиња граѓаните повеќе бараат да купат девизи, па годинава поголеми се и разликите меѓу купените и продадените девизи.


Девизи разменуваат граѓаните кои имаат вишок пари, додека значаен дел од продадените евра долари и ли други девизи потекнуваат и од странство, од иселениците кои работат надвор.  За годинава има значајни стравувања кои упатуваат на намалување на сумата на дознаките. Фактор веќе пишуваше дека дознаките се еден од каналите преку кој се очекува кризата да се пренесе врз домашната економија. Тоа го очекува и Народната банка според која направена е надолна корекција на суфицитот и се очекува намалување на дознаките за 2,8 процентни поени од БДП на годишна основа.

Според најновите податоци на НБРМ, во првите три месеци од годинава вкупната вредност на дознаките изнесува 45,6 милиони евра. Или, во јануари влегле 13,4 милиони евра, во февруари 14,5 милиони евра, а во март 17,64 милиони евра. Истовремено, одливот на девизи во јануари бил 1,37 милини евра, во фавруари 1,36 милиони евра а во март 1,69 милиони евра, или вкупно, 4,4 милиони евра.Приливот на дознаките од странство во првите три месеци од 2020 година е малку поголем од оној во истиот период лани, кој изнесувал 43,3 милиони евра. Во 2019 година, вкупниот прилив на дознаките изнесувал 195,6 милиони евра.

Сепак познавачите укажуваат дека овие суми воопшто не коинцидираат со реалноста затоа што многу од парите не доаѓаат по официјални канали туку иселениците им ги праќаат по автобуси и по роднини кои се враќаат на одмор.

Според податоци од Светска банка, во 2018 година во Македонија како дознаки влегле 344 милиони долари, во 2017 година, 314 милиони долари, а во 2016 година, 290 милиони евра.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување