Колку гласачи кои се на привремена работа во странство се пријавиле за гласање?
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2016
Досега 4.872 лица кои се на привремена работа во странство се пријавиле преку електронската апликација за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва, соопштија синоќа од Државната изборна комисија (ДИК).
Јавен увид во избирачкиот список досега извршиле 766 глсачи, а оние кои сакаат да проверат дали ги има на список тоа можат да го направат до 11-ти ноември.
Како што известија од ДИК, од 29.858 лица, кои беа утврдени како спорни записи- се пријавиле 83 лица, при што на 73 им е потврдено избирачкото право.
Една пријава е во фаза на разгледување, а девет се во фаза на обработка.
За вршење јавен увид и за пријавување на граѓаните со спорни записи за изборите закажани за 11 декември, се отворени дополнителни канцеларии во 17 општини низ Македонија.