22 Ноември, 2024
0.0899

Колку инвалидни лица се вработени годинава со помош на државата?

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Годинава се вработени стотина инвалидни лица со поддршка од државата. За вработените инвалидни лица средствата за придонес за пензиско и инвалидско осигурување, придонес за здравствено осигурување и придонес за вработување се обезбедуваат од државниот буџет.  Вработените во заштитните друштва кои не се инвалидни лица и инвалиди на трудот се ослободуваат од плаќање на персонален данок од доход и за нив се обезбедуваат средства за придонес за пензиско и инвалидско осигурување од Буџетот.

„Во 2023 година (досега) доделени се средства за вработувањата на 97 инвалидни лица кои се вработени кај 77 работодавачи. Инаку, оваа година заклучно со 12.10.2023, со посредување на Агенцијата за вработување на РСМ вработени се 13 инвалидни лица, од кои 9 лица со пречки во развојот, 1 лице со телесна инвалидност, 1 лице инвалид на трудот, 1 лице со пречки во говорот и 1 лице со пречки во говорот и слухот“, велат од Агенцијата за вработување.

Условите и погодности за вработување и работење на инвалидните лица се уредени со Законот за вработување на инвалидни лица и Правилникот за критериумите и начинот на доделување на средствата од Посебниот фонд за обезбедување на услови за вработување и работење на инвалидните лица.

Заради финансирање на работите за подобрување на условите по горенаведените основи од вкупно остварените средства од постојниот придонес за вработување се издвојуваат 10 отсто на потсметката во Агенцијата за вработување на РСМ (Посебен фонд) најдоцна до 30 во месецот за претходниот месец.

„Во рамки на расположливите финансиски средства од Посебниот фонд се доделуваат неповратни средства за: 1. вработување на инвалидно лице на неопределено време (во износ од 20 просечни нето плати исплатени во државата за претходната година пред вработувањето за едно вработување, односно 40 просечни нето плати исплатени во држава за претходната година пред вработувањето за лица кои се движат со инвалидна количка или потполно слепи лица); 2. адаптација на работно место (до 100.000,00 денари); 3. набавка на опрема  (до 200 просечни  плати со основен критериум –број на вработени инвалидни лица и капитал и резерви искажани во бонитетот) и 4. работно оспособување на инвалидни лица заради вработување. Притоа, на правно лице кое не е заштитно друштво, од Посебниот фонд може да му се доделат средства за вработување на инвалидно лице и за адаптација на работно место на кое ќе работи инвалидното лице, додека на инвалидно лице кое самостојно врши дејност како трговец поединец и на заштитно друштво може да му се доделат средства од Посебниот фонд за вработување на инвалидно лице, за адаптација на работно место на кое ќе работи инвалидното лице и за набавка на опрема“, додаваат од Агенцијата за вработување.

Oд организациите кои работат на оваа проблематика, велат дека на лицата со попреченост им е тешко да најдат работа, но и тешко е истата да ја задржат и да знаат дека ќе имаат егзистенција во иднина. Наведуваат дека дел од овие лица имаат потешкотии долго да стојат, работат поспоро од другите, но апелираат колегите во работната средина да бидат малку потолерантни и да ги прифатат.

„Јас сум мајка на дете со попреченост и веќе 6 години барам соодветна работа за него, место каде нема да биде искористуван и ќе има соодветен третман. Моето дете сега има 26 години. Тешко оди за наоѓање на работа. На ова лица им треба работа, за да имаат плата, работен стаж, да плаќаат даноци, да бидат корисни за општеството“, вели Снежа Стојковска, мајка на дете со попреченост.

Овие лица најчесто добиваат работа во приватен сектор, се вработуваат во печатници или фабрики.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/dusanpetkovic

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria