31 Јули, 2024
0.0343

КОЛКУ ЈА ПОЗНАВАТЕ СВОЈАТА ТАТКОВИНА: Македонија има 34 града, колку од нив сте посетиле?

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Maкедонија има 34 градови, при што дел од населението може да се пофали со солидна бројка на посетени места, но има и обратни случаи.

Љубителите на патувањата ги посетиле повеќето градови, локалитети, музеи,  верски објекти. Со оглед на тоа дека Македонија е мала земја, овој предизвик за посета на сите 34 градови може да се реализира за краток временски период, секако доколку граѓанинот има можности.

„Сум била во Охрид, Дојран, Кратово, Скопје, Куманово, Кочани, Македонска Каменица, сум поминала низ Крива Паланка и толку. Треба повеќе да се шета, кој сака да патува. Не сум била во Дебар“, вели Софија Петревска, граѓанка.

Друга жена објаснува дека посетила повеќе македонски градови, но има и општини кои сака да ги обиколи во иднина. Повозрасните често одат на еднодневни екскурзии кои некогаш опфаќаат посета на две-три места.

„Сум била во Штип, Пробиштип, Кочани, Скопје, сум одела во бањи. Македонија е мала, треба да се прошета, но ние остаревме. Инаку, сакам да го посетам Берово“, вели Радица Николовска, граѓанка.

Луѓето најчесто ги посетуваат туристичките центри во земјава.

„Сум ги посетила Скопје, Кратово, Крива Паланка, Охрид, Дојран, Струга и јас исто не сум била во Берово и би сакала да одам“, додава Радица Јакимовска, граѓанка.

Спасе Манев, водич и автор на книга за патувања низ Македонија, објаснува дека за да се запознае еден град, потребно е да се одвои време и да се видат неговите убавини. Само транзит низ тој град не е доволен.

„Граѓаните треба повеќе да си ја запознаваат својата татковина. Многу домашни туристи ги посетуваат градовите само транзитно или ако имаат некоја работа да завршат, но тоа не е посета на еден град како што доликува. За да се види убаво еден град, треба да се остане повеќе часа во денот и да се видат туристичките знаменитости. Секој град во Македонија има што да понуди и било каде и да одат туристите, ќе има што да видат. Јас имам посетено 33 града во Македонија и ми недостасува само уште еден град за да ја остварам мојата зацртана цел со сите посетени градови. Сите градови што сум ги посетил во државата, сум одвоил неколку часови во денот за убаво да ги разгледам, а некои градови сум ги посетил неколку пати за поубаво да ја доловам нивната убавина. На пример во поголемите градови како Куманово, Велес, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Штип и Струмица е малку еден ден и за нив ќе треба повеќекратна посета за убаво да се видат убавините што ги нудат градовите.  Една од причините што домашните туристи не се заинтересирани да ги посетат градовите е тоа што и самите општини не инвестираат во туризмот за да ги привлечат граѓаните од другите градови.  Потреба е голема инвестиција во патната инфраструктура и туристичките знаменитости за да се привлечат туристи“, вели Манев.

Aко ги следиме статистичките податоци од Државниот завод за статистика(ДЗС) тие покажуваат дека има пораст на домашниот туризам. Луѓето повеќе патуваат во границите на нашата држава.

Во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 2.6 отсто.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia 

Можеби ќе ве интересира

КАТАСТРОФАЛЕН ПОЖАР СЕ ЗАКАНУВА ДА ГО УНИШТИ ПЕХЧЕВО! Се бара помош од секој кој сака да помогне!

КАТАСТРОФАЛЕН ПОЖАР СЕ ЗАКАНУВА ДА ГО УНИШТИ ПЕХЧЕВО! Се бара помош од секој кој сака да помогне!

ВО ШЕНГИН НЕМА НИТУ СТРУЈА, МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ СЕ ВО ПАНИКА: Ситуацијата е „апокалиптична“

ВО ШЕНГИН НЕМА НИТУ СТРУЈА, МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ СЕ ВО ПАНИКА: Ситуацијата е „апокалиптична“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија гори, пожари во Дојран, близу Свети Николе и Пехчево

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Голем пожар му се заканува на Негрево

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: Голем пожар му се заканува на Негрево

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

СТОИЉКОВИЌ ДОСТАВИЛ ИЗВЕШТАЈ ДО ПОЛИЦИЈАТА: Имало упад во системот за снимање во Министерството за односи меѓу заедниците

ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен е војник, има повредени

ЕСКАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен е војник, има повредени

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај Негрево

(ВИДЕО) БИЈАТ КАМБАНИТЕ ВО ПЕХЧЕВО: Повторно гори кај Негрево