16 Декември, 2025
0.0662

НЕ ТРГНУВАЈТЕ НА ПАТ БЕЗ МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА: Еве во кои земји во околината таа е задолжителна и колкави се казните

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2024 08:30

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани што летово ќе патуваат во Грција, Бугарија, Турција, Хрватска, Словенија и во други земји од ЕУ со сопствено возило, треба да поседуваат, покрај домашна, и меѓународна возачка дозвола. Овој вид дозвола со години наназад се издава во АМСМ, има рок на важност од три години и чини околу 900 денари.

Во земјите каде што е потребно да се поседува меѓународна дозвола, на граничните премини не ја бараат, но ако случајно ве сопре полиција при патувањето и ви ја побара, а ја немате, може да бидете казнети со 50 до 300 евра. 

Засега македонската возачка дозвола важи само во Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Косово, Германија, Италија, Црна Гора, Шпанија и Обединетото Кралство – Англија, Велс и Шкотска. За патување во сите останати земји на ЕУ, мора да се има овој меѓународен документ.

Согласно со потпишаните конвенции и правните регулативи на земјава за патување со моторно возило надвор од државата, потребна е меѓународна возачка дозвола. Таа се издава согласно со Меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата,усвоена на 8 ноември 1968 година, во Виена.

Лицата, пак, што ќе патуваат во странство со возило што не е во нивна сопственост, неопходно е да имаат одобрение за управување туѓо моторно возило. Најчесто се забележува оваа појава кога патуваат полнолетни лица од семејството во странство, а не се сопственици на возилото. Оваа потврда се доставува на увид на самиот граничен премин. 

Овие документи можете да ги извадите 24/7 во АМСМ Центар. Потребни документи за меѓународна возачка дозвола се две  фотографии (45мм x 35 мм), при што неопходно е лично присуство на лицето, кое ќе достави документ за идентификација, лична карта или пасош. На увид треба да се достави и домашната – национална возачка дозвола, како и потврда од Министерството за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило, која, пак, се издава од МВР, во просториите на АМСМ.

Меѓународната возачка дозвола е со траење од три години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола, истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.
Што се однесува, пак, до добивањето полномошно за управување со туѓо возило,неопходно е поседување сообраќајна дозвола од возилото и лично присуство на сопственикот со документ за идентификација, лична карта или пасош, како и лично присуство на корисникот на возилото со пасош. 



Можеби ќе ве интересира

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар