29 Септември, 2024
0.0329

Колку ќе ја чини Британија излегувањето од ЕУ?

Објавено во: Анализа 24 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија би можело да резултира со трајна загуба на 2,2 отсто од БДП во перидоот до 2030 година, предупреди институтот Open Europe. Најповолното сценарио би вклучувало договор со Европа за слободна трговија, многу амбициозно кратење на регулативите во економијата и речиси целосно отворање на трговијата со остатокот на светот, покажува истражувањето. Во тој случај британскиот БДП до 2020 година би бил 1,6 отсто поголем во случај Британија да остане во ЕУ, но британските работници да бидат изложени на засилена конкуренција од држави со ниски трошоци на труд. Најповолните сценарија вклучуваат трајна загуба на 0,8 отсто до БДП, во случај Британија да склучи договор за слободна трговија со ЕУ, но не и со останатите држави, односно зголемување на БДП-то за 0,6 отсо во случај постигнување на договор и со останатите држави на светот и намалување на регулативните оптоварувања, велат од институтот. „Теоретски, преобразбата на Британија во економија базирана за слободна трговија, со минимално ниво на регулатива, каква би морала да стане кога би излегла од ЕУ, звучи како лесна задача, но во пракса наидува на серизен политички отпор во самата држава“, констатира претседателот на институтот Родни Лич, кој е пратеник на Конзервативната партија во британскиот парламент. „Најлошо сценарио би било излегување на Британија од ЕУ, а потоа водење на протекционистичка политика“, вели Лич. Темата на излегување на Британија од ЕУ стана актуелна откако во измиантите години почна да расте популарноста на Партијата за незаисност на Обединетото Кралство (UKIP), која се противи на британско челнство во Унијата. За да ја неутрализира оваа популарост, Конзервативната партија даде ветување дека до 2017 година ќе одржи референдум за останување во ЕУ односно излегување од европските интеграции во случај на победа на парламентарните избори закажани за 7 мај. К.К.