15 Декември, 2025
0.8996

Koлку ќе нè чини тегла ајвар годинава и дали ќе се исплати да правиме?

Објавено во: Економија 17 Август, 2022 07:58

Добивај вести на Viber

Дали оваа зима ќе имаме ајвар на трпезите како претходните години или ќе правиме во помали количини? Има семејства кои досега правеле по 20, 30 тегли ајвар, но сега се двоумат  поради скапотијата. 

Катерина Василеска од Охрид која се занимава со производство на зимници објаснува дека за да се добие една голема тегла ајвар се трошат 2 килограми пиперки, но важен е и квалитетот. Дополнително потребно е масло, и други мирудии, се троши  електрична енергија или пак дрва за огрев и тоа секако ја крева цената на производот.

„Пиперките не се толку скапи, колку што маслото за јадење е поскапено. Јас оваа година една голема тегла ајвар планирам да ја продавам по 400 денари. Очекувам дека луѓето помалку ќе купуваат, затоа што за тие пари можат да купат други намирници“, кажа  Василеска.

Земјоделците од струмичкиот регион велат дека пиперките за ајвар веќе ги има на дел од пазарите во земјава, и се продаваат по цена од 40 до 45 денари за  килограм. Објаснуваат дека иако не е како лани, сепак ајварка ќе има во доволни количини. Дел од неа ќе заврши за извоз во Словенија, Хрватска, Полска. Борче Јанев,  претседател на Здружението на земјоделци Проагро фармери од Струмица вели дека повеќето земјоделци садат ајварка и зелка, и овој вид пиперка ќе го има на пазарите во потребните колични. Но, од понеделник се очекува нова цена.

„Околу 80 отсто од земјоделците садат зелка и ајварка, затоа што таа е полесна за одгледување, помалку бара хемиска заштита, за разлика од доматот или краставицата. Македонската ајварка се бара во Хрватска, Полска, Германија, Романија. Ако се погледне дека сè друго е поскапено, ајварката нема да биде скапа“, рече Јанев.

Бончо Божиков, земјоделец од струмичкото село Дабиле смета дека оваа сезона ајварката не треба да падне под 35 денари за килограм за да им се исплати трудот. Објаснува дека првата берба, односно најквалитетните пиперки одат за извоз во странство.

„На некои пазари веќе ја има ајварката, на некои уште не се продава, но околу 1 септември масовно ќе почне бербата и до 10 септември ќе биде ударно, затоа што во тој период се прават зимниците“, раскажува Божиков.

Во Македонија годишно се произведуваат околу 50 илјади тони ајварка. Таа има долга традиција во македонското поднебје.

Сања Атанасовска

photo freepik.com/svetlana_cherruty

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност