15 Мај, 2024
0.2527

Колку морските алги можат да му помогнат на нашето здравје?!

Објавено во: Стил 30 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Нема сомнение дека морските алги спаѓаат во најквалитетните продукти кои му се достапни на човекот. Иако најмногу ги користат макробиотичарите, навистина нема никаква причина да не станат дел од секојдневната вообичаена исхрана.

Алгите само ни се чинат скапи, но не се ако земеме предвид дека се користат во мошне мали количества. Особено ако се знае колку можат да му помогнат на нашето здавје.

Повеќе од 4.000 години алгите се користат како храна во Кина и Јапонија. Денес Јапонија е главен корисник на алги, а Јапонците развиле метод на култивирање и собирање на тн. лиснати алги.

Алгите се фотосинтетски растенија кои живеат во вода. Многу видови се мошне мали, некои можат да се видат единствено под микроскоп и често пливаат како планктони. Некоиа алги, кои често ги нарекуваме „морска трева“, се истакнати форми на вегетација. Најголемите се од родот Laminariae (кај нас во продажба познати како комбу алги), можат да бидат со мошен долги листови, до метар големина, и формираат мошне импресивни подводни шуми. Макроскопските алги се чести на плажите, а и инаку често ги среќаваме како храна, состојци на некои комерцијални производи, како и паразити во водата. Морската трева (алгите) има исклучително количество на минерални елементи од морето- до 36% од својата сува маса!

Алгите содржат натриум, калциум, хлор, калиум, сулфати, фосфати, а од микроелементите јод, железо, бакар, цинк, селен, молибден, флуориди, манган, бор, никел и кобалт. Тие имаат големо количество на јод, а примарно ги знаеме токму според содржината на овој елемент. Најногу го има во тн. кафени алги, како што е комбу (Laminaria japonica). Црвените и зелените алги имаат количество на јод кое, ако изедеме само еден грам дневно, ја обезбедуваат дневната потреба од овој микроелемент! Натаму, алгите се еден од продуктите најбогати со калциум. Содржат и неколку витамини, како што се каротин и витамин Ц, како и витамин Б12 кој го нема во повеќето растенија. Количеството на белтоци во алгите варира. Тие содржат малку масти, сенасе 1% до 5% од сувата материја, но имаат висок процент на есенцијални масни киселини. Зелените алги содржат линолеинска и алфа- линолеинска масна киселина. Исто така имаат високо ниво на влакна, 32% до 50% од сувата материја, кое го намалува холестеролот!

Јапонците ја одгледуваат прочуената црвена алга, porphyra (буквално значи пурпурно црвено), која во Јапонија се нарекува нори. Спорите на овие алги се расфрлани по школките; тие растат бавно и формираат фиданки, „филаменти“ на нив, кои потоа прават свои спори. За два месеца растението пораснува големо, се сече и се суши на сонце. Нори се користи за правење на суши. Келп или комбу се произведува исто така во Јапонија, се продава сува во суви парчиња од 10 см до 15 см долги, бара мало готвење, се става во сос од соја, а се произведува и во прав, како додаток на супи и разни варива од зеленчук. Трета алга е вакаме, а се продава како луксузна храна и за салати.

Денес Јапонија е водечки извозник на алги. Јапонците изедуваат 4 кг алги годишно!

Најчесто користени алги во макробиотичката исхрана се хиџики, комбу, вакаме, нори, араме и агар- агар. Во оваа исхрана алгите сочинуваат неколку проценти, воопштено околу 1 супена лажица по оброк, затоа што се извор на првокласни нутритивни елементи.