Колку набљудувачи ангажира „Мост“ за изборите?
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
Граѓанската организација „Мост“ изборите и кампањата ќе ја следи со 3.300 набљудувачи.
Од „Мост“ денеска најавија дека почнуваат со следење на изборите и изборната кампања.
„Денеска почнува јавниот увид на избирачкиот список и ќе трае до 11 ноември. Сите граѓани можат да се проверат во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија и на страницата izbirackispisok.gov.mk. Ги охрабрувам граѓаните на бесплатниот телефонски број 080080080 да пријават било какви нерегуларности“ – вели Дарко Алексов од „Мост“.
Тие денеска ја промовираа и новата камапања „Твојот глас, твое право“, за кое изработено е и посебен видео запис. Целта е тој да ги едуцира граѓаните дека не смеат да дозволат било кој да им врши притисок за гласање.
Алексов рече дека „Мост“ неколку пати укажувале до Собранието за недостатокот во изборната единица 6, но досега не се преземало ништо, а 110 пратеници гласале за распишување на изборите. Вели дека регуларноста на изборите зависи од повеќе фактори, не само од изборната единица 6. Алексов додава дека на крајот од изборниот процес ќе кажат колку од договореното во Пржино, партиите вистински испочитувале.