04 Декември, 2024
0.0290

КОЛКУ НАВИСТИНА ВРЕДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО? Медицинскиот кадар останува незадоволен

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2024

Добивај вести на Viber


Со „историското“ покачување на платите во здравството, како што беше наречено, Владата истакна дека ова е чекор кон подобрување на условите за работа и задржување на медицинскиот кадар во земјата. Преку етапно зголемување на платите од 10 отсто во ноември 2024, со целосна реализација до 2028 година, вкупното покачување би достигнало 50 отсто. Овој потег, како што досега беше нагласувано, е направен во контекст на хроничниот одлив на здравствени работници, кој ги става јавните здравствени установи под постојан притисок.

Но, реакциите на здравствените работници покажуваат дека овој чекор е далеку од доволен за надминување на реалните проблеми.

Реакција на здравствените работници

Медицински сестри, болничари и техничари – професии кои ја носат тежината на секојдневната грижа за пациентите – отворено за Фактор го изразија незадоволство. Здравствените работници забележуваат дека инфлацијата, значително ги намали реалните приходи.

„Ако пред две години нашата плата беше доволна да ги покрие основните трошоци, денес, дури и со ова покачување, сме далеку од финансиска стабилност. Платите едвај се движат, а трошоците за живот експлодираа.“

„Практично, со ова покачување само ја враќаме платата на нивото од пред неколку години. Реално, не сме ни дојдени на нула,“ забележува медицинска сестра со 15-годишно искуство.

„Иако зголемувањето на платите е позитивен потег, тоа не ја покрива инфлацијата. Ситуацијата е фрустрирачка, бидејќи и со покачените плати, ние сè уште заработуваме неколкукратно помалку отколку што заработуваат колегите во странство.“

„Многу од нас работат прекувремено само за да го постигнат минималниот стандард на живот. Потребно е вистинско решение, а не само популистички мерки.“

Ова се само дел од реакциите на здравствените работници кои бараат не само подобрување на платите, туку и долгорочни мерки кои ќе го стабилизираат здравствениот систем и ќе им обезбедат достоинствени услови за живот и работа. Сметаат дека зголемување на платите е само обид колку толку да се амортизира моменталната состојба, но не ги адресира длабоките структурни проблеми како недоволниот број медицински персонал и условите во кои работат, кои често ги демотивираат младите да останат во професијата.

Реалните последици од сегашната состојба

Недостатокот на кадар продолжува да го оптоварува здравствениот систем, при што лекарите и сестрите се соочуваат со прекумерен стрес. Според неодамнешни податоци, ланската година околу 500 здравствени работници ја напуштиле земјата, привлекувани од подобри услови за работа и повисоки плати во Западна Европа.

Дополнително, инфлацијата го намалува реалниот ефект на зголемувањето на платите. Многумина од здравствените работници укажуваат дека ветените средства за подобрување на болничката инфраструктура остануваат само ветувања.

Освен ниските плати, работниците посочуваат на недостиг од основни ресурси и преоптовареност на здравствениот систем. Иако властите најавија дека се планира долгорочно инвестирање во здравството, многумина сметаат дека реформите треба да се спроведат побрзо за да се спречи понатамошното иселување на кадарот.

Потреба од структурни реформи

За да се постигне одржливо решение, здравствените работници и синдикатите препорачуваат:

Реално усогласување на платите со европските стандарди.

Подобрување на работните услови, вклучително набавка на современа опрема и намалување на административниот товар.

Модернизација на болниците и подобра распределба на ресурси.

Инвестирање во едукација и задржување на младите лекари.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТЕТО КОЕ ПАДНА ОД ШЕСТИОТ КАТ ИМА ПОЛИТРАУМАТСКИ ПОВРЕДИ: Уште е на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија

ДЕТЕТО КОЕ ПАДНА ОД ШЕСТИОТ КАТ ИМА ПОЛИТРАУМАТСКИ ПОВРЕДИ: Уште е на интензивна нега на Клиниката за детска хирургија

ТОШКОВСКИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад ова

ТОШКОВСКИ ЗА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА: Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад ова

ЗА ПРИРЕДБАТА ВО ЧЕЛОПЕК СО ПЛАСТИЧНИ ПУШКИ И ОЗНАКИ УЧК: Јаневска кажа кој ќе понесе одговорност

ЗА ПРИРЕДБАТА ВО ЧЕЛОПЕК СО ПЛАСТИЧНИ ПУШКИ И ОЗНАКИ УЧК: Јаневска кажа кој ќе понесе одговорност

Притвор за уште едно лице, сакал да го пали албанското знаме

Притвор за уште едно лице, сакал да го пали албанското знаме

Левица: АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда

Левица: АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани со Ал Каеда

ПОЧИНА СУДИЈКАТА ЈОВАНКА СПИРОВСКА ПАНЕВА: Тажната вест ја соопшти адвокатот Јанаки

ПОЧИНА СУДИЈКАТА ЈОВАНКА СПИРОВСКА ПАНЕВА: Тажната вест ја соопшти адвокатот Јанаки

СЕ „ЧЕШЛА“ НАЈЗНАЧАЈНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО, КАКО ТИЕ ГОНАТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ - надзорот строго според законите

СЕ „ЧЕШЛА“ НАЈЗНАЧАЈНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО, КАКО ТИЕ ГОНАТ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ - надзорот строго според законите

ТРАГЕДИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА - жена почина, а малолетник се бори за живот откако паднале од зграда

ТРАГЕДИЈА ВО КИСЕЛА ВОДА - жена почина, а малолетник се бори за живот откако паднале од зграда

ПОВЕЌЕ СНЕГ И ДОЖД, ДУРИ И ВО КОТЛИНИТЕ - еве какво време не очекува во декември

ПОВЕЌЕ СНЕГ И ДОЖД, ДУРИ И ВО КОТЛИНИТЕ - еве какво време не очекува во декември