02 Мај, 2024
0.0464

Колку од камати добиваат граѓаните за пет милијарди евра заштеди во нашите банки?

Објавено во: Финансии 18 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Највисоката (пондерирана) каматна стапка при споредба на шест типа депозити во понуда за домаќинства носела каматна стапка од 1,76 отсто. Станува збор за долгорочен денарски депозит (без валутна клаузула). Тоа значи дека на вложени 1 милион денари во јануари лани, во првиот месец годинава каматата би изнесувала 17.600 денари. Од шест продукта на депозити (денарски и девизни) само еден бележи раст на каматната стапка (јануари-декември)

Македонските деловни банки и штедилници на крајот на минатата година чувале речиси пет милијарди евра (во денари и странска валута) пари кои се заштеди на домаќинствата. Во нашите банки и штедилници на крајот на 2021 година се чувале вкупно 7,6 милијарди евра, а 65 отсто од нивото на депозити се на домаќинствата односно заштеди на физички лица. Во овој период според официјални достапни податоци заштедите на граѓаните пораснале за околу 7 отсто во споредба со 2020 година.

Колку вреди да се штеди? Што покажуваат каматните стапки?

Официјалната и високоподатлива статистика на нашата централна банка дава одлична слика за сите каматни стапки на граѓанските или каматните стапки за домаќинствата. Од анализата на податоците за пондерираните каматни стапки од почетокот и крајот на 2021 година заклучокот е следен – граѓаните парите во банки ги чуваат првенствено заради сигурноста, а не заради оплодувањето.

Од шест анализирани вида штедни опции кои ги нудат домашните деловни банки само кај една има раст на каматните стапки од почетокот до крајот на годината.

Најатрактивна камата лани имале долгорочните депозити на граѓаните изразени во денари без девизна клаузула. При тоа на почетокот на годината т.е. во јануари каматата била 1,76 отсто на годишно ниво. За тие што орочиле во декември лани во истиот аранжман пондерот изгубил една третина од вредноста и изнесувал 1,48 отсто. Преведено во пари тоа значи: на заштеда од еден милион денари штедачот за една година добил камата во вредност од 17.600 денари. За истиот износ орочен во декември лани во декември годинава би добил 14.800 денари.

За разлика од долгорочните денарски депозити без девизна клаузула краткорочните се многу понеатрактивни. Еве на пример за вложени еден милион денари во јануари ланиво јануари годинава штедачот би добил 4.200 денари, а пак да ги вложел во декември лани при крај на годинава би добил 3.500 денари или 17 отсто помалку.

Најниски камати се плаќаат за краткорочни депозити во странска валута. Пондерот во јануари лани бил 0,17 отсто, а во декември годинава 0,12 отсто што е за една петина помалку. На пример на краткорочен девизен депозит орочен во јануари лани вреден 20.000 евра штедач би добил околу 35 евра камата. За краткорочно орочување договорено во декември на истата орочена сума приносот т.е. каматата би била околу 23 евра.

Единствена каматна стапка која растела лани (јануари во однос на декември) е кај долгорочните депозитите изразени во денари со девизна клаузула. На почеток на година каматата била 0,35 отсто, а пораснала до износ од 0,39 отсто во декември лани. Значи на орочени 20.000 евра во декември штедачот за една година би добил камата од 78 евра што е за 8 евра повеќе доколку ги орочел во јануари лани.

Ова е на понуда од депозити за домаќинства:

1.Краткорочен денарски депозит (без валутна клаузула) вложен во декември 2021 годинана вложени 1 милион денари за една година се впишуваат 3.500 денари камата

2.Долгорочен денарски депозит (без валутна клаузула) вложен во декември 2021 година: на вложени 1 милион денари за една година се впишуваат 14.800  денари камата

3. Краткорочен денарски депозит со валутна клаузула вложен во декември 2021 година: на вложени 1 милион денари за една година се впишуваат 1.500 денари камата

4. Долгорочен денарски депозит со валутна клаузула вложен во декември 2021 година: на вложени 1 милион денари за една година се впишуваат 3.900 денари камата

5. Краткорочен депозит во странска валута вложен во декември 2021 година: на вложени 20.000 евра за една година се впишува камата од 24 евра

6. Долгорочен депозит во странска валута вложен во декември 2021 година: на вложени 20.000 евра за една година се впишува камата од 150 евра

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција