Колку пари и носи бизнисот со ќерамиди на македонската „Тондах“?
Објавено во: Економија 23 Април, 2018 08:16
„Тондах“ од Виница, поранешен „Пролетер“ е успешна компанија што прави и продава ќерамиди. Во изминативе две години , 2016 и 2017, „Тондах“ има приход од речиси 20 милиони евра и добивка од 5,34 милиони евра
Најголемиот македонски производител на ќерамиди и покриви, „Тондах“ од Виница лани оствари добивка од 2,74 милиони евра односно 169,34 милиони денари, покажуваат официјалните податоци што ги објави оваа компанија на интернет страницата на македонската берза. Вкупните приходи што лани ги остварила оваа компанија изнесуваат 566,69 милиони денари односно 9,17 милиони евра. Производството на ќерамиди и покриви во „Тондах“ лани донело профит што претставува 30 отсто од вкупните приходи на компанијата!!! Во пазарни услови ова е резулатат што за многумина е само сон или мисловна именка.
Споредбата на податоците на „Тондах“ за 2017 година и за 2016 година покажуваат дека компанијата лани остварила поголем профит за 7 милиони денари односно за 4,3 отсто во услови кога вкупните приходи се намалени за 36 милиони денари односно за 6 отсто.
Како се работело во 2016 година?
Најпознатата македонска фабрика за ќерамиди, која неколку години наназад, е дел од групата „Тондах“ во 2016 годинанаправи приход вреден 10 милиони евра од кои над 2,6 милиони евра се профит! ИГМ „Пролетер“ од Виница беше една од најтранспарентните аквизиции во земјава, од која вработените добро се офајдија. „Тондах“ во деведесетите години на минатиот век го купи винички „Пролетер“. Најголемата македонска индустрија за производство на ќерамиди за покриви остварила нето добивка од 162,4 милиони денари односно над 2,6 милиони евра, според податоците што ги објави компанијата на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност.
Од малкуте објавени податоци е видливо дека компанијата лани имала приходи од продажба во износ од речиси 10 милиони евра односно 602,55 милиони денари. Нејзината добивка пред оданочување изнесува 3 милиони евра, а по плаќањето на данокот нето добивката изнесува 2,6 милиони евра.
„Тондах“ е еден од најпознатите европски производители на покриви и пред десетина години ја превзеде виничката индустрија за производство на градежни материјали „Пролетер“ која е специјализирана за производство на ќерамиди. Оваа аквизиција на македонскиот пазар беше една од најпопуларните затоа што вработените акционери кои продаваа акции на „Тондах“ добија пристојни суми за нивните акции.
„Тондах“ на македонскиот пазар е присутен како производител на ќерамиди и како продавач и на своите производи.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




