Колку пари има во бизнисот со цигари?
Објавено во: Економија 19 Јули, 2019 06:55
Бизнисот со цигари и тутун и покрај многубројните строги ограничувања и останува економска дејност од која може да се егзистира пристојно. Најголемата тутунска компанија во седиште во Македонија е „Империјал тобако ТКС Скопје“. Неговиот оперативен профит лани е 10 отсто од приходите од продажба
„Империјал тобако ТКС Скопје“ лани оствари приходи од продажба во износ од 33,6 милиони евра и добивка по оданочување во износ од 3,3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци јавно достапни во извештајот на независната ревизија на најуспешната тутунска компанија во земјава , поранеше Тутунски комбинат Скопје кој е дел од меѓународната корпорација „Империјал тобако“.
Податоците покажуваат дека приходите од продажба лани во однос на 2017 година се пониски за 7,7 милиони евра односно за 19 отсто. Најголема расходна ставка во билансот лани биле материјалните трошоци на кои отпаднале 21,3 милиони евра. На трошоци за вработените лани биле издвоени 3,8 милиони евра, а вкупните трошоци од работењето изнесуваат 30 милиони евра и се за 6,1 милиони евра пониски од 2017 година.
Нето добивката на оваа компанија е 2,75 милиони евра и во споредба со 2017 година е пониска за 1,5 милиони евра.
Оваа компанија е во доминантна сопственост на словенечката тутунска компанија „Тобачна Љубљана“ која контролира 99 отсто од акциите со право на глас. Словенечката компанија е дел од групата „Империјал тобако Груп“ со седиште во Бристол, Велика Британија.
Во Империал тобако ТКС Скопје приближно 180 вработени произведуваат шест брендови цигари за домашниот пазар, од кои еден годинава слави 30 години на пазарот, кој истовремено има 30 отсто пазарен удел. Брендовите на Империал тобако во моментов имаат околу 60 отсто удел на македонскиот пазар. Оваа компанија во 2017 година за прв пати во период од 6 години исплати дивиденда во вкупен износ од13,3 милиони евра.
Само за споредба, единствениот домашно поседуван производител на цигари е прилепскиот „Тутунски комбинат“. Оваа компанија лани имала приход од продажба во износ од 15,4 милиони евра и има загуба поголема од 3 милиони евра.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?
Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли
(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен
Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува
Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство





