Колку пари ќе се соберат во буџетот: Нови акцизи и за новите цигари на пазарот
Објавено во: Економија 09 Август, 2018 07:40
На пазарот ќе има нови тутунски производи ама и за нив ќе мора да се плаќа акциза. Согласно новиот Закон за тутун и новиот Закон за акцизи во Македонија во иднина ќе се продаваат и тутун за водено луле (за наргиле), тутун за џвакање, тутун за шмркање и несогорлив тутунски производ. Акцизите се различни и ќе се зголемуваат секоја година.
Законот за акцизи веќе е објавен и според предложените одредби, акцизата на тутунот за водено луле (тутун за наргиле) изнесува 1.750 ден по килограм нето тежина. Иста е акцизата и за тутунот за шмркање и за тутунот за џвакање.
Акцизната давачка пак за несогорлив тутунски производ изнесува еден денар по парче и 5 отсто од малопродажната цена. Ако комбинираната акциза е пониска од 1,2 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 1,20 денари за таа количина.
За несогорливиот тутун, „Фактор“ веќе пишуваше. Станува збор за производ од тутун кој се користи со помош на уредот во кој тутунот се загрева, не согорува, а се инхалираат продуктите кои испаруваат при загревањето. Дел од граѓаните во земјава веќе го користат, ама го набавуваат од соседните земји, од Бугарија, Србија или Грција, каде продажбата веќе беше регулирана.
Значи
не станува збор за електронска цигара, а ваквиот тип производи функционираат на
принцип на несогорување на тутунот. Содржат и никотин. Се разбира и овие производи не се корисни, но се
сметаат за подобра алтернатива на обичните цигари.
Инаку секоја година акцизите ќе растат. За тутунот за наргиле, за џвакање и за шмркање од јули следната година до јули 2023 година, износот на акциза се зголемува за 125 денари по килограм нето тежина и тоа на секој први јули, секоја година. Од 1ви јули 2019 година заклучно со 1 јули 2023 година, износот на специфичната и минималната акциза на несогорливиот тутунски производ се зголемуваат за 0,10 денари по парче, секоја година.
Усогласувањето е направено и во контекст на законодавствата од земјите членки на ЕУ и соседните земји од регионот.
А.Т.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен





