18 Декември, 2025
0.0542

Колку пари ќе заштедат превозниците преку „One stop shop“ на Табановце-Прешево

Објавено во: Економија 26 Август, 2019 14:23

Добивај вести на Viber

Околу осум милиони евра годишно е сумата која се предвидува да ја заштедат превозниците со заедничкото гранично управување и контроли кое стартуваше денеска на ГП  Табановце Прешево

Преку  ГП Табавноце лани поминале околу 200 000 камиони, што е една четвртина од вкупниот промет на товарни возила, а годинава очекувањата се тој број да се зголеми за 30 проценти и да достигне 260 000.

Претставниците на бизнис заедниците од двете држави порачаа дека единствената контрола со една испостава е прв чекор за поефикасен проток на стоки, крај на редиците камионите на овој фрекфентен граничен премин, зголемување  на конкурентноста. 

Извршната директорка на стопанската комора Билјана Пеева Ѓуриќ истакна дека по 27 години од воспоставуавње на границата се реализира ваков проект.

– Со воспоставуавње на заедничкото гранично управување на македонско-српската граница како и неодамна реализираните инфраструктурни инвестиции на самиот патен правец кој е дел од Коридорот 10, истиот станува дополнително атрактивен што значи зголемување на конкурентските предности на целиот регион, рече Пеева Ѓуриќ на пуштањето во употреба на проектот на која присуствуваа и премиерите на двете држави.

Граничната контрола на патничкиот сообраќај од Србија кон државава од сите надлежни органи на двете држави ќе се одвива на македонска територија на ГП Табановце. За влез од државава во Србија  контролата се реализира на ГП Прешево. Во товарниот сообраќај, пак, при движење од Србија кон државава контролите се на наша територија на Табановце, а при движење од кај нас кон српската држава на граничниот премин Прешево.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?