Добивај вести на Viber
Стотици милиони луѓе ширум светот се навлечени на видео играта Candy Crush Saga, а компанијата King, која стои зад неа, наскоро ќе стане вистински хит на берзата.
Нјагломиот успех во IT индустријата после Facebook нема да биде од сверата на сериозниот софтвер, туку од забавната индустрија, која бележи вртоглав раст во последните години.
Компанијата King објави податоци, кои на потенцијалните вложувачи им најавуваат дека излегувањето на берза ќе биде тежок 7,6 милијарди долари, одосно дека акциите ќе вредат помеѓу 21 и 24 долари.
Иако IT индустријата има многу специфичности, аналитичарите истакнуваат дека во овој случај профитот на компаниите не е доведен во прашање.
- King не само што е профитабилен, туку е исклучиво профитабилен, а минатата година заработи дури 568 милиони долари чисти пари, пишува Кварц.
Тоа драстично се разликува од позициите во кои се наоѓа Twitter или многу сродни компании како што се Zinga или познатата EA sports.
Zinga, компанијата која е заслужна за премногу популарната Farmwill, се мачи на берзата и минатата година запиша минус од 37 милиони долари, додека спортскиот оддел на ЕА од март 2012 до март 2013 година запиша заработка од 97 милиони долари.
Рецептот на компанијата King е едноставен – нивните заразни игри се бесплатни, но популарниот F2p (free to play) модел подразбира и продажба на виртуелни предмети на играчите кои сакаат да го збогатат своето искуство, односно да бидат подобри или побрзи од другите.
Само пет проценти од играчите навистина трошат пари на игрите, но тоа не е воопшто малку, кога се знае дека постојат 400 милиони корисници секој месец.
Профитот на комапнијата дрматично порасна во однос на 2012 година со 7,8 милиони долари и тоа брагодарејки на Candy Crash Saga.
Во моментов, три видео игри на оваа компанија (Candy Crush Saga, Farm Heroes Saga и Pet Rescue Saga) се на листата десет апликации кои најмногу заработуваат на Apple store, а тука се и верзиите за и секако за Facebook.
Вреди да се спомене дека King во последно време се однесува како вистински силеџија во индустријата со видео игри, па нивниот адвокатски тим покрена неколку парници од кои најголемиот дел бесмислени, против сите развојни тимови кои имаат намера во своите игри да ги користат зборовите "candy" и "saga".
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: