13 Мај, 2024
0.0247

Колку пари му требаат на едно семејство да го помине месецот?

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Без 50.000 денари едно домаќинство не може да го помине месецот. 50.799 денари биле потребни во јануари за едно семејство од четири члена за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Две минимални плати не можат да ги покријат трошоците за живот. 

Од ССМ објавија нови податоци за синдикалната потрошувачка кошничка. Од вкупната сума, 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена се потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари.

Државниот завод за статистика(ДЗС) вчера објави дека инфлацијата во јануари била 17,1 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари годинава во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 1,9 отсто, рибата и морските плодови за 1,6 проценти, свежото и разладеното овошје за 1,2 отсто, жестоките пијалаци за 1,1 проценти, месото за 0,6 отсто, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,5 и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,2 проценти - соопштува статистика.

Минималната синдикална кошничка за декември изнесувала 51.235 денари.

foto freepik.com/drobotdean

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот