Колку пари на граѓаните чуваат нашите банки на крај на јуни?
Објавено во: Економија 26 Август, 2020 07:02
На крајот на јуни Комерцијална банка чува најмногу пари на граѓаните, НЛБ Банка има најголем раст на депозити од граѓани во апсолутен износ, а процентуално најголем раст на заштеди има кај најмалата – Капитал банка
Граѓаните во „корона услови“ го зголемиле штедењето во домашните деловни банки за 108 милиони евра, покажуваат официјални податоци од банкарскиот сектор. Граѓанските депозити и штедни влогови во домашните банки се зголемени за 2,4 отсто за првите шест месеци годинава и на крајот на јуни изнесуваат 4,607 милијарди евра. Оваа вест е многу охрабрувачка за идното справување со негативните економски околности кои ги предизвика корона кризата. Многу поважен е психолошкиот момент односно фактот дека граѓаните веруваат во домашниот банкарски систем и не посегнале по своите заштеди туку напротив – го зголемиле депонирањето пари во деловните банки.
На крајот на јуни во 14 деловни банки граѓаните чувале 4,607 милијарди евра. Најмногу пари на македонските граѓани чува „Комерцијална банка“, најголем раст на депозитите има НЛБ Банка (во апсолутен износ), а најголем процентуален раст на депозитите на граѓаните има Стопанска банка Скопје.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




