Колку пари прави „Мајкрософт“ во Македонија ?
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2019 06:49
Светски познатата и призната корпорација „Мајкрософт“ на македонскиот пазар во 2017 година продала свои продукти за 1,6 милиони евра со само 5 вработени лица
„Мајкрософт“ ДООЕЛ Скопје, македонската испостава на светскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ остварил приход од продажба во износ од 1,58 милиони евра во 2017 година, покажуваат официјалните податоци достапни во базата на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ). Во 2017 година „Мајкрософт“ во Македонија остварил добивка од 202.200 евра и тоа е за 85 отсто подобар резултат од добивката што ја остварила македонската испостава една година претходно кога профитот достигнал 110.000 евра.
Резултатот во 2017 година „Мајкрософт“ го остварил со 5 вработени , што значи дека просечно по вработен приходот во 2017 година надминувал 300.000 евра. „Мајкрософт“ во Македонија во 2017 година го намалил својот персонал за една третина затоа што претходната година имал 8 вработени. Приходот во 2017 година во однос на претходната е намален само за 3 отсто додека трошоците во истиот споредуван период се намалени за 10 отсто.
Од билансот на состојба е значајно за истакнување тоа што износот на тековни средства на компанијата во 2017 година е значајно зголемен. Тие на крај на 2017 година надминале 742.000 евра, а претходната година биле пониски за безмалку половина милион евра. Во истиот споредуван период кај главнината и резервите на компанијата има раст за 202.200 евра (соодветно на остварената добивка) до ниво од 773.300 евра. Истовремено пораснале и обврските на компанијата за 260.000 евра до износ од 266.800 евра.
„Мајкрософт“е американска мултинационална компанија со седиште во Редмонд, Вашингтон. Мајкрософт произведува, лиценцира, продава и овозможува поддршка за компјутерски софтвер, потрошувачка електроника, персонални компјутери и сервисирање. Нивни најпознати производи се: оперативните системи „Мајкрософт виндоус“ (Microsoft Windows), комплетот „Мајкрософт Офис“ (Microsoft Office) и веб-прелистувачот „Интернет Експлорер“ (Internet Explorer). Нивните главни хардвер производи се играчката конзола „Иксбокс“ (Xbox) и серијата на таблети „Мајкрософт Сурфејс“ (Microsoft Surface). Мајкрософт е најголемиот произведувач на софтвер, сметано според приходите. Исто така, Мајкрософт е една од најважните светски компании. Мајкрософт е основан од Бил Гејтс и Пол Ален на 4 април 1975 година.
Р. Ф.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




