Колку пари трошиме на одмори во Грција?
Објавено во: Анализа 14 Септември, 2013 09:13
-668.000 луѓе работат во овој сектор во земјата или скоро секое петто лице кое влегува во работноспособно население
-Туризмот покрива 51% од дефицитот кој го создава земјата
-Туризмот учествува со повеќе од 16% од вкупниот БДП
Македонија е трет најголем пазар на земјата. Вкупно во 2012 година, 1,3 милиони пати се регистрирани влезови на македонски граѓани во земјата. Овие влезови не се исклучиво за туристички патувања,ова не значи дека скоро цела земја оди барем еднаш во Грција, но очигледно е дека многу граѓани одат по повеќе пати.
Најмногу влезови се регистрирани од Германија и Велика Британија, и тоа 2,1 милион од Германија и 1,9 милиони од Британија. Под нас се Франција и Русија, додека од Србија во 2012 година се регистрирани преку 600,000 влезови.
Кој колку пари остава?
Во 2012 година просечно по човек туристите трошеле 646 евра. Туристите од главните земји Германија и Велика Британија во 2012 година заедно потрошиле повеќе од 3 милијарди евра.
За жал нашата држава во оваа категорија не е евидентирана.
Во категоријата направени трошови по патување, развиените европски земји се на ниво од 650 до 820 потрошение евра по патување. Најмногу потрошиле Австриците 820.
Романиците на пример трошат по 415, додека Албанците по 315 евра по патување.
Русите се супер дарежливе и трошат над 1,000 евра по патување во Грција, додека Грците тријат раце и од прекуокенските туристи кои иако се во помал број сите трошат над 1,000 евра. Водат гостите од Австралија со над 1,000 евра.
Со 1,3 милиони влезови тешко е да се каже колку трошат нашите туристи, со оглед на тоа што како што кажавме тука влегуваат луѓе што можеби не ни одат на одмор и ја поминуваат границата по повеќе пати. Но доколку просекот на потрошени евра по едно патување е половина од она што го трошат Албанците, таа бројка не би требало да е помала од 200 милиони евра годишно.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





